Фитнес

Полека, но сигурно кон трансформација на вашето тело

Фитнес-експертите тврдат дека седум е магична бројка на патот кон феноменална женска фигура. Со редовно изведување на неколку вежби, пливање, трчање и возење велосипед, ќе ја постигнете целта, без оглед колку високо сте ја поставиле.

Трансформацијата на телото не се случува преку ноќ, но не бара премногу скапа опрема и тренинг со лични инструктори. Само седум активности и вежби, велат експертите.

Се разбира, не можеме да постигнеме видливи резултати заобиколувајќи  ги здравата исхрана и редовното спиење.

Склекови

Нека не ве обесхрабрува фактот дека склековите се малку потешка точка на списокот. Во палетата на различни верзии на оваа вежба, изберете ја онаа што можете правилно да ја изведувате, дури и да се тоа само два или три склекови.

Реклама biskviti za deca

Покрај горниот дел од телото и рацете, ќе го зајакнете и централниот дел од телото. Дадете се од себе три или четири пати неделно.

Чучњеви

Чучњевите го затегнуваат глутеусот, го зајакнуваат телото и согоруваат многу калории. Ефикасноста на вежбата можете да ја подигнете на повисоко ниво со употреба на тегови или комбинирање чучњеви и скокови.

Исчекор

За мускулите на нозете, вежбите со исчекот прават чуда. Најдобри резултати се постигнуваат ако правите три серии од по 10 повторувања секој ден.

Не ја потценувајте моќта на прескокнување јаже и пливање

Не чини многу, можете да ја изведувате скоро насекаде, а масните наслаги се топат со брзина на светлината – прескокнувајќи јаже!

Пливањето активира различни мускулни групи, а особено влијае на рамениот појас, рацете и абдоминалниот ѕид. Подгответе костим за капење и пливајте што е можно побрзо ако сонувате за подобра фигура.

Трчајте и возете велосипед

Има многу корисни страни од трчање. Ќе се ослободите од стресот, ќе го намалите ризикот од депресија, ќе согорите стотици калории и ќе ја подобрите општата состојба на организмот.

Возењето велосипед ќе ве изпоти побрзо, ќе ги обликувате нозете на свеж воздух и што е најважно, можете да имате друштво додека го правите тоа.

 

Сега ја знаете тајната на „неделата“. Не претерувајте, особено на почетокот, но бидете редовни и обидете се да излезете од „зоната на удобност“ што е можно почесто, односно направете неколку склекови, чучњеви или исчекори повеќе од претходниот пат. Секоја секунда повеќе во базенот или на велосипед ќе ја приближи посакуваната цел.


am

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button