Рецепти

Мафини со јаболка- одлична замена за нездрав десерт со многу шеќер

Мафините се еден од омилените десерти на сите, но за да го избегнете лошото влијание на шеќерот, обидете се да направите многу интересна, здрава верзија на мафини од јаболка.

Потребни сосојки:

  • 60 грама путер
  • 340 грама интегрално брашно
  • прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 4 јаболка
  • 200 мл млеко (без лактоза)
  • 1 лажичка цимет по желба
  • 1 мала лажичка мед по желба
  • ореви по желба

Начин на подготовка

Прво комбинирајте состојки како брашно и прашок за пециво, а потоа направете мешавина што ќе содржи јајца, млеко и путер, кој претходно ќе го растопите. Измешајте го сето тоа. Изрендајте ги јаболките и додадете ги во вашата мешавина. Во случај да сте љубител на ореви, можете да исецкате една шака и да ги додадете во смесата пред да ги наполните калапите за мафини. Истото важи и за циметот и медот.

Печете ги 15 минути на 180 степени.

Реклама

Добар апетит!


ам

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button