Фитнес

Квиз кој ќе ви помогне да откртиете колку сте навистина физички активни

Пат до фитнесот е физичката активност. За да откриете колку сте навистина физички активни, одговорете на следните прашања и запишете ги одговорите во табела. На секое одговорено прашање напишете соодветен број на бодови. Соберете ги бодовите за да го добиете крајниот резултат.

 А- Правилно, енергично вежбање

1. Активно сум вклучен/а  аматерски (рекреативно) во спортови како тенис или ракомет еден час или повеќе дневно.

а) еднаш неделно (2 бода)
б) двапати неделно (4 бода)
в) трипати неделно (6 бода)

г) четирипати неделно (8 бода)

(Прилагодете ги бодовите ако вашиот одговор е помал или поголем од наведените. На пример,ако сте активни во некој од наведените спортови 6 дена во неделата, додадете си 12 бодови, а ако сте активни еднаш во неделата, но само 30 минути додадете си 1 бод. Напомена: вежбање пократко од 30 минути се смета како нула)

Реклама biskviti za deca

2. Најмалку еднаш во неделата минувам време во фитнес активности како што се аеробик, џогирање или пливање(најмалку 20 минути континуирано,секое вежбање)

а) еднаш неделно (3 бода)
б) двапати неделно (6 бода)
в) трипати неделно (9 бода )
г) четирипати неделно (12 бода)

(Прилагодете ги бодовите ако вашиот одговор е помал или поголем од наведените. На пример, ако правите ваква активност шест денови во неделата додадете си 18 бодови)

БДруги облици правилно вежбање

3. Најмалку два пати неделно правам вежби како стомачни, склекови и брзо во трање од минимум 10 минути.

а) две вежбања неделно (2 бода)
б) три вежбања неделно (3 бода)
в) четири или повеќе вежбања неделно (4 бода)

(Нема бодови за вежбање кое трае помалку од 10 минути; нема бодови за вежбање само еднаш неделно; максимум бодови се 4.)

4. Најмалку два пати неделно вежбам јога или други вежби за истегнување, минимум 10 минути.

а) две вежбања неделно (2 бода)
б) три вежбања неделно (3 бода)
в) четири или повеќе вежбања неделно (4 бода)

(Нема бодови за вежбање кое трае помалку од 10 минути; нема бодови за вежбање само еднаш неделно; максимум бодови се 4.)

5. Најмалку два пати неделно вежбам со тегови, минимум 10 минути.

а) две вежбања неделно (2 бода)
б) три вежбања неделно (3 бода)
в) четири или повеќе вежбања неделно (4 бода)

(Нема бодови за вежбање кое трае помалку од 10 минути; нема бодови за вежбање само еднаш неделно; максимум бодови се 4.)

В- Работни и дневни активности

6. Пешачам до и од училиште/факултет/работа/продавница(800 м или повеќе во еден правец), два,три или повеќе пати неделно (1 бод)

7. Се качувам по скали наместо да користам лифт или ескалатор,секој втор ден или повеќе (1 бод)

8. Моите образовни, работни или домашни активности вклучуваат физичка активност која одговара на следниот опис:

а) претежно сум на работно биро, лесна физичка активност (0 поени)

б) претежно сум на терен, умерена физичка активност, брзо одење или слично (4 поени)

в) многу од моите вообичаени денови вклучуваат тешка физичка активност, како што се копање, кревање и слично (2 поени за секој ден)

(Ова прашање не ги вклучува спортските активноати; Точка В-максимум 12 бодови)

Г-Слободни активности

9. Поминувам неколку часа во уредување на градината, чистење на тревникот или друго хоби (1 бод)

10. Одам на лов или риболов еднаш неделно или почесто,во просек (ова мора да вклучува активна работа како веслање со чамец,следење на трага при лов;седење на обала и чекање не се смета како нула) (1 бод)

11. Најмалку еднаш неделно се занимавам со интензивен танц(фолклор или слично) во времетраење од еден час или повеќе. (1 бод)


12. Во сезона одам на скијање еднаш или двапати  (2 бода)

13. Пешачам заради вежби или рекреација

а) еден до два часа неделно (1 бод по час)
б) три до четири часа неделно (2 бода)
в) пет или повеќе часа неделно(3 бода)

14.Како додаток на наведеното, повремено избирам некои други форми на физичка активност:

а) еден до два часа неделно (1 бод по час)
б) три до четири часа неделно (2 бода)
в) пет или повеќе часа неделно(3 бода)

(Во точка Г не спаѓаат спортски активности;максимум 11 бодови)

Проценка на резултати

НЕ го сфаќајте прашалникот пресериозно. Тој е наменет само да станете свесни за вашата физичка активност, да ви даде идеја и да ве мотивира да започнете да работите на вашето тело и физичка кондиција.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button