Здравје кај деца

Игра за деца: Снежна трка-помогнете му на Дедо Мраз да стигне до санката

Сите со нетрпение го очекуваме овој период од годината, бидејќи нема нешто поубаво од празнична атмосфера во вашиот дом со најблиските. Но, оваа година новогодишните и божиќните празници добија нова димензија поради светската пандемија, па сите мораме најголем дел од времето да го поминуваме дома.

Токму за таа цел ние создадовме игра за вас и вашите најмали и најмили и, верувајте, останувањето дома повеќе нема да ви биде проблем.

Играта е наменета за дечиња од предучишна и училишна возраст, лесна е за играње и може да ја модифицирате, односно да ја менувате нејзината содржина по ваша желба или потреба

Преку играта можете да го тестирате знаењето на вашето дете поврзано со домашната задача, нова лекција, понудете му на детето да измисли предизвик за вас итн. Оставете ја вашата фантазија да работи!

Опис на играта

Реклама

На Дедо Мраз му избега санката. Побрзајте и помогнете му да стигне до санката и да им подели подароци на сите дечиња.

Играта можете да ја испечатите и да си играте користејќи некој предмет кој ќе го поместувате на таблата. Тоа може да биде некој пион, копче, гума за бришење и слично.

Потребно е да имате коцка.

Преземете ја играта тука.

Преземете го упатството за играта тука.


Илустрација: evardose

AM

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button