Здравје кај жени

Полицистичен оваријален синдром (PCOS) е најчесто ендокрино пореметување кое води до неплодност

Полицистичен оваријален синдром (PCOS)  е најчесто ендокрино пореметување кое ги погодува жените во сите доби- од пубертет до менопауза. Се претпоставува дека 5-10% од женската популација секојдневно се сретнува и се бори со непријатни симптоми и знаци на болеста како што се:

  • Акни-проблематична масна кожа и лице полно со бубулици кај жени кои одамна го поминале пубертетот може да укажува на постоење на полицистични јајници.
  • Нередовни менструации и нивен изостанок- се јавуваат заради хормонски дисбаланс и доминација на машки хормони и се еден од водечките симптоми на болеста кој се јавува кај над 50 % од пациентките.
  • Неплодност- денес се знае дека Полицистичен оваријален синдром е најчеста причина за неплодност кај жените! Ова е најчеста причина поради која пациентките бараат лекарска помош.
  • Зголемена влакнетост (хирзутизам)- се јавува како резултат на зголемување на нивото на машки хормони , се јавува кај над 60% од болните, а посебно е карактеристична длакавост во предел на брадата, брковите, градите, под умбиликусот.
  • Гојазност- наталожување на масно ткиво во пределот на стомакот (т.н. машки тип на дебелина) е чест проблем и се јавува кај над 40% од пациентките.
  • Опаѓање на косата– прво се јавува зголемено опаѓање на косата, истенчување на влакната, а потоа и проретченост на косата на главата.
  • Промени во пигментацијата на кожата( acantosis nigricans) – темна пребоеност на кожата пратена со нерамна и набрана кожа, најчесто се јавува во пределот на пазувите, бочните страни на вратот и регии под дојките.

Освен ова, лабараториски може да се потврди присуство на зголемено ниво на машки хормони, инсулин, тригилицериди и намалено ниво на HDL холестерол, додека пак на ултразвучен преглед на јајникот, се забележува присуство на цисти во облик на бисерни нишки со големина помеѓу 5 и 15 мм.

На основа на сѐ од наведеното можеме да заклучиме дека од PCOS не пати само репродуктивното здравје на жената, туку нејзиниот цел организам и затоа е важно правовремено лечење!

Дијагноза на PCOS

За да се постави дијагноза на PCOS, неопходно е постоење на утврдени критериуми каде на основа на најистакнати симптоми и знаци на болеста се поставува правилна дијагноза. Еден од најпознатите критериуми е Rotterdam критериум -неопходно е присуство на 2 од следните 3 знаци и симптоми како би се потврдило присуство на PCOS:

  • Ултразвучно потврдени полицистични јајници;
  • Олиго или ановулација;
  • Клинички или биохемиски хиперандрогенизам;

Зошто баш мене ми се случува ова?

Ова прашање многу често си го поставуваме кога ни се случува нешто неочекувано и непријатно. За жал, адекватен и универзален одговор на ова прашање не постои. Она што токму вас може да ве издвои од другите жени без PCOS е генетската предиспозиција.


Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button