Кардиоваскуларен системФитнес

Физикална терапија кај болни со срцеви заболувања

Кардиоваскуларна рехабилитација е збир на мерки и постапки кои се превземаат со цел спречување или намалување на последиците од кардиолошките болести, намаување на неспособноста после болест и овозможување на потполно оздравување.

Цели на кардиолошка рехабилитација

  • Вообичаен медицински третман со оптимизација на терапијата;
  • Физички тренинг дизајниран врз основа на индивидуален функционален капацитет 7 дена неделно во облик на континуиран, интервален или дозиран тренинг;
  • Kорекција на ризик факторите;
  • Eдукација на болниот и неговото семејство;

Кај кои заболувања се применува?

Најважна и најчеста индикација за рехабилитација е исхемична болест на срцето како и постинфарктна состојба. Исто така, се применува и при состојби како ангина пекторис (градна болка), хируршки операции на коронарни артерии, котролирање на срцева инсуфициенција, аритмија како и кај дијабетес и метаболички синдром кои се ризик фактори за настанување на срцево заболување.

Фази на рехабилитација

Уште во тек на хоспитализацијата се започнува со примена на методи за рехабилитација. Тие методи вклучуваат едукација на пациентот и семејството , превенција од компликации и долготрајно мирување во постела. Како за се спречи опаѓање на физичката активност, се применуваат активни и пасивни дозирани вежби со помош на физиотерапевт.

Другата фаза се спроведува во специјализирани рехабилитациски центри во траење од 3 недели. Најзастапен метод во оваа фаза е физички тренинг, но се користат и други методи како психотерапија и медикаментозна терапија.

Третата фаза се надоврзува на втората и во принцип трае доживотно. Неопходна е во целта за сочувување на резултатите постигнати во претходните две фази. Се изведува секојдневно, во домашни услови( вежби, терапија, контрола на притисок итн.)

Реклама biskviti za deca

Физички тренинг како метода на рехабилитација

Физички тренинг е една од најважните рехабилитациски методи во кардиолошката рехабилитација и се дефинира како дневна активност која е поголема од вообичаената. Програмата на тренинзи се прави индивидуално, а претходно треба да се обрати внимание на пол, возраст, мотивираност и функционална способност на пациентот. За да се постигнат посакувани резултати, различни комбинации на вежби се применуваат кај различни пациенти.

Интентизетот на физичкиот тренинг се одредува на основа на резултат од тестот за физичко оптеретување.

Траењето обично е 30-60 минути. Започнува со загревање кое трае 10 мин., а потоа по вежбите следи фаза на ладење која исто така трае 10 мин.

Честотата треба да биде најмалку 3-4 пати неделно. Подобрувањето настанува постепено во тек на повеќе недели.

Активности кои најчесто се применуваат се: пливање, пешачење, велосипедизам и вежби во базен како дополнителна хидротерапија.

Тест за физичко оптеретување

Овој тест е многу применуван во рехабилитација на пациенти со срцеви заболувања. Се изведува во просек 10-15 дена по акутна фаза на болеста. Тестот се изведува на трака за трчање или ергометар во седечка или лежечка положба со мало оптоварување.

Постојат и доцни тестови за физичко оптеретување со максимално оптеретување заради процена на успешност на рехабилитацискиот програм. Се изведува 4-8 недели по завршувањето на програмата.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button