Гастроинтестинален системСтручна Помош

д-р Марија Јованоска: превенција на гадење и повраќање

Гадење и повраќање не се болести, туку симптоми. Тие може да се јават во следниве ситуации: рана бременост, употреба на лекови, силна болка, стресни ситуации, заболувања на жолчното кесе, труење со храна, инфекции, прејадување, некои форми на рак, булимија и други психолошки заболувања, гастритис, панкреатитис, слепо црево итн.

Причините за повраќање се разликуваат со возраста. Кај деца, повраќање најчесто се јавува со инфекции, труење со храна, алергија на млеко, прејадување, интензивна кашлица и висока температура.

Превенција на гадење

Консумирајте помали оброци неколку пати на ден, наместо големи оброци

Јадете полека

Избегнувајте храна што тешко се вари

Реклама biskviti za deca

Консумирање храна на собна температура

Одморете се после оброк со главата неопходно крената на две перници

Потрошувачката на течности треба да биде помеѓу оброците, а не за време на оброците

Превенција на повраќање

Конзумирајте мала количина чиста засладена течност (вода и шеќер, овошен сок со исклучок на сок од портокал, грејпфрут и лимонада)

Одморете се.

Ако не сте сигурни  која храна да се избегне и што да направите, консултирајте се со вашиот матичен лекар.


д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button