Гастроинтестинален системСтручна Помош

д-р Марија Јованоска: Гадење и повраќање-симптоми или болест

Гадење е непријатно чувство во стомакот што често се јавува пред повраќање.
Повраќање е присилно, доброволно или неволно, протерување на содржината на желудникот преку устата.

Гадење и повраќање не се болести, туку симптоми. Тие може да се јават во следниве ситуации: рана бременост, употреба на лекови, силна болка, стресни ситуации, заболувања на жолчното кесе, труење со храна, инфекции, прејадување, некои форми на рак, булимија и други психолошки заболувања, гастритис, панкреатитис, слепо црево итн. Причините за повраќање се разликуваат со возраста. Кај деца, повраќање најчесто се јавува со инфекции, труење со храна, алергија на млеко, прејадување, интензивна кашлица и висока температура.

Времето на појава на повраќање може да каже многу за основната причина. На пример, ако се појави веднаш по оброкот, причина за тоа е многу веројатно да е труење со храна, гастритис, чир, булимија. Повраќање поради труење со храна може да се појави и по 8 часа оброк.

  • Дали повраќањето е штетно?

Како што веќе споменавме, повраќањето не е болест сама по себе, но е симптом на многу болести, повеќе или помалку опасни. Не е опасно, но во зголемена мера може да доведе до сериозни последици, т.е. до дехидрирање.

Возрасните се изложени на помал ризик од дехидрираност од едноставна причина што се доволно свесни за самите да ги препознаат знаците и навреме да дејствуваат за да го спречат тоа. Сепак, кај помладите деца, ризикот од дехидрација е зголемен, особено ако дијареата е присутна со повраќање. Знаци на кои треба да внимавате, особено кај децата, се: сува уста, забрзано дишење и пулс, „воспалени“ очи, намален излез на урина (олигурија).

Реклама biskviti za deca

Постојаното повраќање за време на бременоста може да доведе до состојба наречена хипермеза гравидарум, во која мајката развива нерамнотежа во количината на течности и минерали, што може да биде опасно за неа и за фетусот.

  • Кога да се јавите на матичен лекар?
  • Ако гадење е присутно повеќе од неколку дена или постои можност да сте бремени;
  • Доколку е присутна повреда на главата;
  • Ако повраќањето е присутно повеќе од еден ден, или комбинација на повраќање и дијареја повеќе од 24 часа;
  • Децата треба да бидат однесени на лекар ако повраќањето трае подолго од неколку часа;
  • Кога првите знаци на дехидрација се забележуваат и кај деца и кај возрасни.
Итен преглед кај матичен лекар доколку:
  • Забележите крв кога повраќате (содржината обично е црна како кафе);
  • Интензивна главоболка со денови;
  • Леторгија, конфузија или одложена реакција е присутна;
  • Интензивна болка во стомакот;
  • Дијареја;
  • Забрзано дишење и пулс.
  • Третман

*Консумирање на мали количини на вода со постепено зголемување.

*Избегнувајте цврста храна додека не престанат нападите со повраќање.

*На бремените жени им се препорачува да консумираат суви крекери во текот на денот или високо протеиснки оброци пред спиење.


д-р Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button