Гастроинтестинален систем

д-р Маја Мојсоска: симптоми, појава, дијагноза и третман на гастритис

Гастритис е воспаление на слузницата на желудникот. Се јавува кога заштитната обвивка на желудникот е оштетена или има премногу киселост во желудникот. Киселоста на желудникот потоа доаѓа во директен контакт со желудочната слузница и ги оштетува клетките на мукозната мембрана. 

Гастритис може да се појави  одеднаш (акутен гастритис) или да се развие во долг период (хроничен гастритис).

Симптоми

Лицата со гастрит се жалат на појава на киселини во желудникот кои перзистираат подолг временски период.

Тегобите перзистираат преку целото деноноќие особено веднаш по земање на храна,  масна и зачинета. Лицето дава податок за чувство на надуеност во епигастричниот дел (пределот на желудникот) како и нагони за повраќање.

Ваквите симптоми исто така може и да се појават после психички или физички стрес, никотин (цигари), кофеин (конзумирање на многу кафиња), алкохол и сл.

Реклама biskviti za deca

Слични симптоми во стомакот поврзани со киселина се разликуваат од гастритис по тоа што тие обично не предизвикуваат оштетување на желудочната мукоза. Во случај на рефлуксна болест, мускулот помеѓу хранопроводот и желудникот не се затвора целосно.

Ова предизвикува киселина на желудникот да влезе во хранопроводот, да ја оштети мукозната мембрана и да предизвика болка зад градниот кош.

Причина за појава

Најчеста причина за хроничен гастритис е инфекција со бактерија Helicobacter pylori. Други причини може да бидат: консумирање алкохол или никотин, лекови (на пример, аспирин, нестероидни антиинфламаторни лекови) или сериозна болест или повреда.

Инфекцијата со бактерии, вируси или габи или терапија со зрачење исто така може да предизвика ненадејно воспаление.

Гастритисот може да се излекува во многу случаи без трајно оштетување, но исто така може да доведе до чир на желудникот во ретки случаи, а како компликација на чир, до крварење на желудникот и пробив на желудник и да дојде до појава на рак на желудникот.

Дијагноза и терапија

Се поставуваат врз основа на клиничката слика, физикалниот преглед, комлетна лабараторија, ехо на абдомен.

Најважниот метод за испитување на желудникот е гастроскопија. Тоа е процедура во која се земаат примероци од ткива, од мукозата на желудникот и се испитуваат.

Третманот на гастритис зависи од неговата причина и сериозност. Честопати помага избегнување зачинета, масна, солена, лута, кисела храна и да се воведе лесна диета. Лековите исто така помагаат да се намали вишокот на киселина на желудникот или доколку постојат да се уништат бактериите што предизвикуваат гастритис.

Терапијата е најчесто трaјна и секогаш се зема препишана од вашиот матичен лекар, а не на своја рака.

д-р Маја Мојсоска

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button