Гастроинтестинален систем

Најчести причини за појава на дијареа

Дијареа претставува состојба која се карактеризира со зголемена волумен и фрекфенција(повеќе од два пати на ден) на столицата. Може да биде акутна и хронична. Акутната дијареја најчесто трае неколку дена и е пропратена освен со течна столица и со болки и гасови во стомакот.

Хроничната дијареја трае подолг период и може да е знак за некое сериозно заболување.

Најчести причини за појава на дијареа:

Инфекции на гастроинтестинален тракт-бактериски(Салмонела, Кампилобактер, Ешерихија коли, вирусни (Цитомегаловирус, вирусен хепатитис, ротавирус), инфекции од паразити (Giardia lamblia и cryptosporidium ), количина на вода во колонот, нарушена перисталтика и секреторна активност на црева, присуство на супстанции кои не се апсорбираат преку цревата,интолеранција кон одреден тип на храна и труења со храна, антибиотици кои ја пореметуваат цревната флора, стрес и нервоза, алкохол и.т.н.

Постојат повеќе видови на дијареа во зависност од причините кои ја предизвикуваат:

  • осмотска дијареа,
  • секреторна дијареа,
  • инфламаторна дијареа,
  • дијареа после оперативен зафат на илеум или делови од колон,
  • моторичка дијареа,
  • дијареа поради нарушена апсорпција на цревата.

Симптоми на дијареа

Дијареата може да варира од блага до многу тешка.

Благи симптоми се грчеви и надуеност, придружени со многу мека до течна столица, неколку празнења на цревата во текот на денот.

Реклама biskviti za deca

Потешки симптоми претставуваат мачнина и повраќање кои се појавуваат покрај дијареата, а самата дијареа е изразито течна и трае неколку дена.

Кај тешките и опасни дијареи, покрај останатите симптоми, се појавува и грозница,покачена телесна температура и  во самата столица може да се најде слуз, крв и необработена храна.

Клинички манифестации на дијареа :

  • губиток на електролити и вода (дехидратација),
  • малапсорпција или стеатореа,
  • чувство на жед,
  • хипотензија и шок,
  • хиперосмоларна хипогликемиска ацидоза(губење на калиум,бикарбонати).

Кога треба да му се обратите на вашиот лекар:

Иако вообичаено не е сериозен здравствен проблем, дијареата може да стане опасна или да сигнализира на сериозно заболување. Лекарска помош е неопходна доколку имате:

  • знаци на дехидратација,
  • дијареа повеќе од 2 дена, ако сте возрасен,
  • за деца, ако трае повеќе од 24 часа,
  • тешка болка во стомакот или ректумот (за возрасни),
  • температура 38 степени или повисока,
  • столица која содржи крв или гној,
  • столици кои се црни.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button