Ателектаза- видови, симптоми и третман
Ателектазата претставува намалување на количеството на воздух во белите дробови како и губење на белодробниот волумен.
Ателектазата може да биде:
1.Вродена која се јавува кај предвремено родени доенчиња, кај кои белите дробови не се доволно развиени и не се експандираат (полнат со воздух) заради намалена продукција на сурфактант.
Ова нарушување се нарекува респираторен дистрес синдром кај предвремено родени деца. Дишењето се реализира со многу голем напор кој доведува до комплетно исцрпување, неспособност за дишење, белодробен колапс и смрт.
2.Стекнатата ателектаза настанува на два начини. Првиот начин на здобиената ателектаза се јавува поради притисок врз белите дробови и истиснување на воздухот од нив,како на пример: хидроторакс, пнеумоторакс, асцит и притисок од тумор (компресивна), додека вториот начин се јавува поради исполнување на дишните патишта со ексудат, вдишани туѓи тела или тумори на бронхиите (опструктивна).
Стекната ателектаза може да биде предизвикана и од патолошки процес кој ја намалува продукцијата на сурфактант.
Симптоми на ателектаза
Ателектазата често има неколку симптоми ако се развива бавно или вклучува само мал дел од белите дробови. Спротивно на тоа, ако состојбата се развива брзо или влијае на поголем дел, симптомите може да бидат драматични, па дури и да доведат до шок.
Ателектазата обично се јавува билатерално, што значи во двете белодробни крила.
Чести симптоми се:
- Недостаток на здив ( диспнеа );
- Непродуктивна кашлица;
- Остра болка во градите која се влошува со длабок здив ( плевритска болка во градите );
- Модра нијанса на усните или прстите предизвикана од недостаток на кислород ( цијаноза ).
Дијагноза на ателектаза
- Рентгенска слика на градниот кош;
- Компјутеризирана томографија (КТ скен) ;
- Магнетна резонанца (МРИ);
- Бронхоскопија;
- Крвни гасови (оксиметрија) за да се оцени нивото на депривација на кислородот;
- Позитрон-емисиона томографија (ПЕТ скенирање).
Опции за третман на ателектаза
Третманот на ателектаза зависи од основната причина. Ако тумор е причина за колапсот, операција може да биде вклучена.
За плеврален излив, може да биде потребно одводнување на плевралната празнина. За внатрешни опструкции, бронхоскопијата може да се искористи за отстранување на туѓ предмет, додека бронходилатационите лекови можат да помогнат при отворање на дишните патишта.
Во повеќето случаи е потребна комбинација на терапевтски пристапи.