Респираторен систем
Намалите ги последиците од промена на вкусот при третирање на карцином на белите дробови
Чувството за вкус е зажен фактор кој овозможува да ги задоволиме телесните потреби за енергија преку храната.
Постојат пет основни вкусови и тоа: слатко, кисело, солено, горчливо и умами. Дисфункцијата на перцепција за вкус може да го наруши квалитетот на живот. Тоа се случува поради негативниот ефект врз апетитот, телесната тежина и психичката благосостојба.ka
Кои се најчести пореметувања на вкусот кои се појавуваат при терапија и лекување на карцином на белите дробови?
- Вкус на картон-секоја храна има ист вкус кој може да се поправи со нејзино збогатување со разни зачини.
- Метален вкус- подготвувајте храна со благ вкус, избегнувајте конзервирана храна и метален прибор за јадење.
- Солен вкус –консумирајте помалку солена храна.
- Изразен благ вкус- избегнувајте многу блага храна.
Како да ги намалите последиците од промена на вкусот?
- Ако на пациентот му одговараат горки и кисели вкусови, се советува со оброкот да консумира и лимонада или кисел зеленчук, која ќе ги освежи вкусните папили.
- Водата може да ја ароматизирате со додаток на парчиња лимон, портокал или краставица.
- Ако пациентот има мачнини, храната оладете ја на собна температура и послужете ја на ладна чинија за да се намали ширењето на мирисот од храната.
- Супа или други течности послужете ги со сламка и по можност во шолја со капаче за да болниот не ја гледа или не го чувствува мирисот на храната.
- Металниот вкус на храната може да се ублажи со употреба на пластичен прибор за јадење.
- После секој оброк добро измијте ја устата и јазикот.