Здравје кај мажи

Зошто треба да вежбате за време на менструалниот циклус?

Деновите на ПМС (предменструален синдром) како и за време на менструалниот циклус за многу девојки и жени знаат да бидат пеколни.

Најчесто тоа се денови кои сите сакаат да ги поминат во кревет, со многу храна, а особено чоколади. Но, многу поздрава варијанта е вежбањето за време на циклус. Тоа може да направи само да се чувствувате подобро, звучи неприфатливо?

Продолжете со читање, а ние ќе се обидеме да ви го промениме мислењето.

Вежбањето за време на циклус го подобрува расположението и ги намалувам ПМС симптомите

Добро е познато дека вежбањето стимулира лачење на ендорфини во мозокот кои го поттикнуваат доброто расположение и прават да се чувствувате убаво после тренинг.

Истото се случува и кога имате менструација. Вежбањето за време на циклус има навистина големи ефекти во намалување на ПМС симптомите.

Реклама biskviti za deca

Со само неколку вежби во текот на денот и вашите емоции и тегоби кои ве измачуваат ќе бидат заменети со насмевка и позитивна енергија.

Вежбањето за време на месечниот циклус ја зголемува циркулацијата, а со тоа се намалуваат менструалните болки

Ендорфините кои се лачат за време на вежбањето ја намалуваат перцепцијата за болка и помагаат полесно да се справите со болните менструални болки.

Вежбањето на природен начин ќе ви помогне да се ослободите од стресот и на некој начин ќе ви делува како „таблета за болка”.

Вежбањето ќе ви го намали заморот и главоболките

Кога немате енергија и не можете да спиете, најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се движите и да бидете активни.

Во денови кога не сакате да го напуштите креветот, треба да го дадете максимумот. Првите 10 минути ќе бидат навистина тешки, но потоа вашето тело и ум ќе ви бидат благодарни. Активноста „ќе ве измори” и ќе ви го подобри сонот.

Ќе ви помогне на природен и здрав начин да си го регулирате менструалниот циклус

Доколку имате проблеми со нередовен циклус, физичката активност може многу да помогне за воспоставување на „ред” во вашиот менструални циклус. Секако вежбањето треба да биде попратено со здрава исхрана за да успеете да ги добиете најдобрите резултатите.

Што е најдобро да вежбате за време на менструален циклус?

Доколку навистина не се чувствувате добро, не се преоптеретувајте физички. Изберете аеробик, пилатес или јога која дополнително ќе ве смири. Исто така, трчање, пешачење или планинарење се добра идеја.

Доколку немате инспирација за што би правеле, ова е нашиот предлог.

Физичката активност нè прави поздрави и помотивирани, а со тоа и поуспешни луѓе од ден во ден. Затоа, никогаш не отстапувајте и трудете се секој ден, без изговори, да одвоите минимум 30 минути за физичка активност.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button