Антидепресиви-кога и како се употребуваат?
Антидепресивите се лекови кои можат да помогнат во олеснување на симптомите на депресија, социјално вознемирување, анксиозно нарушување, сезонско афективно нарушување и дистимија.
„Идеалниот“ антидепресив треба да ги има следниве карактеристики: брз почеток на дејство, едноставно дозирање, безбедност на употреба за сите возрасни групи, прифатлив профил за несакани ефекти, прифатлив интеракциски профил, безбедност во случај на предозирање и разумна цена.
Депресија и антидепресиви
Зголеменото препишување на антидепресивните е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.
Депресијата доведува до големи страдања за болното лице, слабо функционирање во семејството, на работа или на училиште и може да се појави на која било возраст. Три четвртини од луѓето помислуваат на самоубиство, а околу 10% го прават. Ова ја прави депресијата смртоносна болест. Зголеменото препишување на антидепресиви е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.
Околу 50% од депресивните пациенти остануваат недијагностицирани. Од пациентите на кои им се препишува антидепресиви, само 50% ги земаат како што е пропишано. Степенот на придржување кон пропишаната терапија е низок, поради што не може да се постигне посакуваното дејство. Негативниот став кон антидепресивната терапија е често одраз на неинформираност и незнаење.
Посакуваниот ефект, ако се земаат правилно, се постигнува со две до осум недели терапија со соодветна доза. Исто така, треба да се имаат предвид генетските варијации и можноста за генотипизација, т.е. определување на геномот и постојана адаптација на терапијата. По постигнување на ремисија (повлекување на симптомите), важно е да се спречи нов релапс или рецидив примена на доза за одржување.
Употреба на антидепресиви
- Антидепресивите се многу ефикасни во елиминацијата на компулсивно-опсесивните мисли и компулсивните активности, каде што имаат ефект против вознемиреност;
- Антидепресивите имаат анти-паничен ефект и ги елиминираат нападите на анксиозност или напади на паника;
- Кај лица со панични нарушувања, психофизиолошкиот алармен систем во мозокот, кој предупредува за опасност, е дисфункционален и преосетлив, а антидепресивите доведуваат до негово стабилизирање и регулирање;
- Во случаи на веќе развиена зависност, бензодијазепините се комбинираат со антидепресиви за да се олесни одвикнувањето од бензодијазепините.Во тој случај антидепресивите се прв лек од избор при лекување на анксиозност, акутна или хронична;
- Антидепресивите постепено ја ублажуваат анксиозноста, со терапија која трае од две до осум недели;
- Одредени антидепресиви вршат хипнотички ефект и го продлабочуваат спиењето со зголемување на застапеноста на длабоки фази на спиење;
- Гго супримираат апетитот и се користат во третманот на булимија и дебелина;
- Некои антидепресиви го зголемуваат апетитот и се користат во терапија при намален апетит и интензивно губење на телесна тежина;
- Им се припишуваат аналгетски ефекти и се користат за ублажување и елиминација на некои акутни и хронични болни синдроми;
- Покрај централниот нервен систем, антидепресивите можат да имаат инхибиторен ефект и врз активирањето на тромбоцитите, кардиопротективен ефект и имуномодулаторен ефект;
Несакани ефекти (side effects)
- наузеја,
- зголемен апетит и покачена телесна тежина,
- губење на либидо и сексуални проблеми, на пр. Проблеми со ерекција кај мажи и др.,
- замор и поспаност,
- инсомнија,
- сува уста,
- заматен вид,
- констипација,
- Вртоглавица,
- агитација,
- раздразливост,
- анксиозност,
Едно лице кое има предозираност или труење со антидепресиви може да има благи или сериозни симптоми. Без третман, тешките симптоми можат да бидат фатални.
Дали некое лице има благи или сериозни симптоми зависи од:
- колку антидепресиви земале
- кој тип на антидепресиви земале
- дали ги мешале со други лекови или алкохол
Благи симптоми на предозирање со антидепресиви:
- гадење,
- повраќање,
- проширени зеници,
- заматен вид,
- треска,
- конфузија,
- главоболка,
- поспаност,
- висок крвен притисок,
- тремор на екстремитетите.
Тешки симптоми на предозирање со антидепресиви:
- брзо чукање на срцето
- треска
- напади
- халуцинации
- низок крвен притисок
- проблеми со дишењето
- срцев удар
- кома
- труење на организмот.
Секој што забележува благи или тешки симптоми на предозирање со антидепресиви кај себе или друго лице треба веднаш да се јави на лекар.
Соработката и разговор со лекар и терапевт може да му помогне на пациентот да најде начини безбедно да управува со неговата состојба. Едно лице може добро да управува со симптомите на депресија и други нарушувања на расположението со придржување до советите и препишаните дози на лекови.