Психологија

Зошто депресијата треба да се лечи како и секое друго заболување

Депресијата претставува пореметување на расположението кое не е одраз на лична слабост и треба да се дијагностицира и лечи како и било која друга медицинска состојба.

Ризик фактори за појава на депресивни нарушувања

  • Генетски фактори;
  • Притисок од околината: преголеми очекувања, лоши меѓучовечки односи;
  • Психолошки фактори: трауми, осаменост, несоодветно справување со проблемите;
  • Животен стил: живот во затворен простор, немање контакт со сончева светлина, недостаток на физичка активност;
  • Хронични заболувања.

Симптоми на депресија

  • Губење на интерес или задоволство во речиси сите активности;
  • Значителна загуба или зголемување на телесната тежина;
  • Несоница или прекумерно спиење;
  • Раздразливост;
  • Замор или губење на енергија;
  • Чувство на безвредност или голема и несоодветна вина;
  • Намалена способност за размислување и концентрација или неодлучност;
  • Самоубиствени мисли и нагони;
  • Забавено размислување и делување;
  • Апатија и песимизам.

Депресија и антидепресиви

Зголеменото препишување на антидепресивните е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.

Депресијата доведува до големи страдања за болното лице, слабо функционирање во семејството, на работа или на училиште и може да се појави на која било возраст. Три четвртини од луѓето помислуваат на самоубиство, а околу 10% го прават.

Ова ја прави депресијата смртоносна болест. Зголеменото препишување на антидепресиви е поврзано со намалување на стапките на самоубиства.

Околу 50% од депресивните пациенти остануваат недијагностицирани. Од пациентите на кои им се препишува антидепресиви, само 50% ги земаат како што е пропишано.

Реклама biskviti za deca

Степенот на придржување кон пропишаната терапија е низок, поради што не може да се постигне посакуваното дејство. Негативниот став кон антидепресивната терапија е често одраз на неинформираност и незнаење.

Совети за луѓе кои страдаат од депресија

  • Не се изолирајте
  • Не се обвинувајте себеси
  • Избегнувајте да донесувате важни одлуки
  • Побарајте помош
  • Спијте доволно
  • Хранете се здраво
  • Не консумирајте наркотични средства или алкохол
  • Вежбајте
  • Поставете си помали цели во животот
  • Информирајте се

Најважно од се е да дискутирате за проблемот, да разберете и сфатите дека нема ништо срамно и страшно доколку сте дијагностицирани со депресија.

Разговарајте со терапевт, пронајдете физичка активност, музика, книга или креативна активност што ќе ви помогне да се чувствувате подобро и „не кревајте раце“ од себе.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button