Исхрана

Моќта на виолетовата храна

Виолетовиот зеленчук и овошје се богати со нутритиенти-антоцијанини. Како и другите полинутритиенти, нашето тело нема потреба од антоцијанини за да функционира. Тие ги штитат клетките од оштетувања кои водат до разни болести,а тоа е највашниот бенефит кој може да го добиете од јадење на здрави намирници.

Сливи

Тoa e првото виолетово овошје на кое луѓето најчесто помислуваат. Колку повеќе виолетова боја, толку повеќе антоцијанини. Зрелите овошја имаат повеќе хранливи нутритиени. Лушпата на сливите има 20 пати повеќе антоцијанини, отколку самото овошје внатре.

Бобинки

Бидејќи антицијанините се поврзани со виолетовата боја, пигментот може да варира од црвен до син. Боровинки, капини, јагоди, црни рибизли, аронија и црница, сите имаат слични својства. Тие може да го стимулираат вашиот мозок и расположение.

Црвени цреши

Антицијанините кои ја даваат темната црвена боја на црешите може да ви помогнат доколку имате проблеми со висок крвен притисок и ги одржуваат крвните садови здрави. Исто така, помагаат при проблеми со зглобовите, остеоартритис и гихт. Црешите се богати со нутритиенти кои заедно превенираат карцином, срцево заболување и дијабет.

Грозје

Пигментот кој го даваат антоцијанините варира од црвен до црн. Богати се со ресветрол, антиоксиданс кој штити од голем број заболувања на кардиоваскуларен систем, холестерол и сл. Лушпата на грозјето која ја дава црвената боја е всушност од расветролот.

Реклама biskviti za deca

Виолетови моркови

Може да ги консумирате варени, пржени, закиселени или свежи. Покрај антоцијанините, богати се со бета каротеноиди кои имаат моќ да превенираат карцином и да го подобрат вашиот имун систем.

Црвена зелка

Без разлика дали станува збор за кисела или свежа зелка, таа е природен пробиотик кој ја одржува микрофлората во вашите црева, а и богата е со антиоксиданси, витамини и минерали.

Цвекло

Неговата боја доаѓа од антиоксиданси наречени беталаини. Цвеклото ќе додаде сладок вкус и виолетово-розева нијанса на вашето смути. Овој зеленчук е добар за вашето срце, мозок и шеќерот во крвта.

Модар патлиџан

Модар патлиџаните се хранлив зеленчук кој е нискокалоричен и богат со влакна, витамини и минерали. Длабоката виолетова боја на модриот патлиџан се должи на присуството на антоцијаните кои помагаат во заштитата на телото од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Виолетов шлаг, бонбони и колачи

Антоцијанините честопати се употребуваат за да се добие темна боја на некоја храна како шлаг за торти, неалкохолни пијалоци, гумени бонбони и слично. Можеби не се во доволна количина за да направат промена на вашето здравје, но тие се добра алтернатива ако сакате да ги избегнете вештачките бои и засладувачи.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button