Исхрана

Дали наизменичното постење може да го намали ризикот од дијабетес тип 2?

Студија објавена во Nature Medicine покажа дека наизменичното постење може да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Студијата, која е најголема од ваков вид, сугерира дека здравствените придобивки од наизменичното постење може да бидат дури и поголеми од оние на диетата со ограничени калории.

Истражување

Истражувањето беше спроведено од Универзитетот во Аделаида и Јужноавстралискиот здравствен и медицински истражувачки институт (SAHMRI). Вклучи 209 учесници кои беа испитувани во период од 18 месеци. Учесниците беа поделени во две групи, едната група следеше диета со наизменичен пост, додека другата следеше нискокалорична диета.

Групата со наизменичен пост го практикувала тој метод само три дена во неделата. Учесниците од ова група јаделе само помеѓу 8 и 12 часот во тие денови.

Резултати

Студијата покажа дека овие учесници покажале поголема чувствителност на инсулин или поголема толеранција на гликоза по шест месеци.

Реклама biskviti za deca

Чувствителноста на инсулин е способност на клетките да реагираат на инсулин и да користат гликоза за енергија.

Намалената чувствителност на инсулин е главен фактор во развојот на дијабетес тип 2. Студијата исто така покажа дека зголемената толеранција на гликоза е докажана со зголемена чувствителност на инсулин и намалени маснотии во крвта.

Резултатите од оваа студија се значајни бидејќи дијабетесот тип 2 е многу застапена состојба ширум светот.

Според Американското здружение за дијабетес, приближно 1,4 милиони нови случаи на дијабетес тип 2 се дијагностицираат секоја година само во САД.

Што е наизменичен пост?

Наизменичниот пост вклучува ограничување на внесот на храна на одредени часови од денот. Во некои студии е поврзано со губење на тежината и подобрување на здравјето на мозокот и срцето. Типот на методот на пост кој се користи во оваа студија е комбинација на интермитентно постење и рано временски ограничено хранење (eTRF).

Авторите на студијата забележуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се испита дали се искусуваат истите придобивки со малку подолг простор за јадење. Тоа би можело да ја направи диетата поодржлива на долг рок.

Кристин Киркпатрик, нутриционист и авторка, вели дека воопшто не е изненадена од резултатите од студијата. Но, вели дека резултатите од реалниот свет ќе зависат од тоа што можете да го одржите долгорочно и кој метод најдобро одговара со вашите цели.

Грејс Дероча, национален портпарол на Академијата за исхрана и диететика, споделува слична перспектива. Вели дека методите што се користат во студијата може да бидат многу влијателни за намалувањето на бројот на заболени со дијабетес тип 2, но држејќи се до временската рамка за би било тешко на долг рок.

Важно е да разговарате со вашиот лекар пред да започнете со наизменичен пост или која било друга диета. Постојат многу различни форми на наизменично постење. Вашата избрана метода не треба да ве изложува на ризик врз основа на други хронични состојби.

Покрај постот, важно е да имате соодветна физичка активност, добар сон и правилно да управувате со стресот.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button