Мени со правилна исхрана за лица кои страдаат од розацеа
Состојбата на кожата е одраз на процесите што се одвиваат во внатрешноста на телото. Секоја нејзина променана, без разлика дали е тоа стареење на кожата, акни или дури нарушувања, често е манифестација на неурамнотежена исхрана.
Внимателно составеното мени чијшто ‘рбет се состои од житарици, овошје и зеленчук, мешунки и риби, како главен извор на омега-3 масни киселини, е најдобриот сојузник за враќање на епителот на ткивата и постигнување на здрав изглед на кожата.
Исхрана при розацеа
Во принцип, секоја храна која има антиинфламаторно дејство и има алкален карактер е корисна во борбата против розацеа. Затоа, храната богата со растителни влакна, како што се цели житарици и храна богата со витамин Ц и биофлавоноиди, како што се бобинки, мора да бидат вклучени во менито. Се верува дека вегетаријанска диета може многу да им користи на луѓето со розацеја.
Исто како и другите заболувања на кожата, корисна храна е онаа која е богата со омега-3 масни киселини, особено сина риба и ореви.
Секако е важно да се хидрира организмот со најдобрата изворска вода, а исто така помага и незасладен зелен чај.
При розацеа, важна е и температурата на храната, која никогаш не смее да биде премногу топла затоа што стимулира црвенило и ги влошува симптомите на болеста, а алкохолот и силните зачини имаат сличен ефект.
Список на препорачана храна:
- свежо овошје и зеленчук
- цели зрна (особено ориз, киноа, просо)
- риба (сардини, лосос, туна, скуша)
- ореви
- семиња
- тофу
- алги
- ладно цедено маслиново масло
- вода и зелен чај
Помалку пожелна храна:
- вештачки засладувачи
- конзервирана, маринирана, пушена храна
- алкохол, кофеин, газирани пијалоци
- силни зачини (на пр. бибер, црвена пиперка)
- сирење
- црвено месо
- чоколадо и слатки
- рафиниран шеќер, премногу сол
- производи од бело брашно
- оцет
Дали додатоците во исхраната помагаат?
Благодарение на нејзиното антиинфламаторно дејство, антиоксидантната формула може да помогне во контролата на симптомите. Исто така, не е лошо да се дојде до дополнителни омега-3 масни киселини, особено ако внесот на риба е недоволен.
Во некои случаи, помагаат дигестивните ензими во форма на додаток во исхраната.
Неодамна, случаи на појава и влошување на симптомите на розацеа се пријавени кај лица кои земаат Б-комплекс (во многу високи дози) во форма на додаток во исхраната. Иако прекинувањето на употреба на Б комплекс, доведува до подобрување на симптомите, треба да се имаат предвид потенцијалните негативни ефекти.