Здравје кај децаСтручна Помош

Мирјана Мицоска: развој на говор кај децата

Развојот на говорот ја поттикнува социјализацијата и се потпира врз когнитивниот и социјалниот развој.

Децата слушаат звуци од надворешната средина додека се се’ уште во мајчината утроба. Почнувајќи од 26-тата недела од ембриогенезата ( развојот на детето во мајчината утроба) плодот веќе слуша.

Потполното созревање на слушните патишта се одвива по самото раѓање во услови на постојано стимулирање со најразлични звучни импулси којшто доѓаат од околината и го дразнат органот за слух. Првите 36 месеци од животот се сметаат како најважни во развитокот на говорот и јазикот.

Говорот е поврзан со севкупниот развој на детето, а посебно со развојот на мисловниот процес. Тоа е комплициран психофизички процес кој се развива на основа на биолошки и психолошки фактори. Говорот е важен фактор за развој на личноста и социјализацијата.

Услови за развој на говор

За правилен развој на говорот мора да бидат исполнети одредени услови. Основа за тој развој е здрав нервен систем со интрактни говорни центри и нервни врски помеѓу нив, чија задача е следење на говорниот апарат.

Реклама biskviti za deca

Освен тоа мора да бидат правилно и добро развиени и психичките функции како што се: внимание, запазување, мислење и помнење. Сетилата мора да бидат развиени, а говорниот апарат здрав.

Почетокот на говорот е на околу 15 месечна возраст.

Прва година

Во првата година имаме фаза која ја нарекуваме “подготвителен предфонетички период”. Има повеќе нивоа и тоа:

  • Вриштење (вокализација) – Сите гласови кои бебето ги произведува инстинктивно се неопределени, но слични се на самогласките(вокалите). Тие гласови се некој вид на подготовки за изведба на самогласките подоцна.
  • Мумлање– мумлањето е случајно и рефлексно, тоа е израз на детските (не) задоволства.
  • Повторување – во втората половина од првата година бебето почнува ритмички да повторува слогови.
  • Ехолалија – е период кога детето почнува да го имитира говорот на возрасните. Таа појава битно влијае на понатамошниот развој на говорот. Детето го слуша говорот на околината, разни шумови и звуци и сето тоа се обидува да го имитира со мимики и движења. Тоа имитирање е се’ уште инстинктивно, но со слушање и имитирање на околината почнува да му поминува во свест. Пред крајот на првата година се развива и детското слушно разбирање и затоа се поправа и неговото разбирање на говорот. Влијанието на позитивни емоции многу влијае на развојот на способности за разбирање на говор, а сето тоа придонесува за севкупен побрз развој на детето.

Период на обликување на говорот

Некои деца веќе првиот збор го кажуваат во осмиот или деветтиот месец ( најмногу од децата во единаесетиот или дванаесетиот ). Тоа е процес на усвојување на изрази кои се поврзани со најосновните потреби и чувства на детето.

Секој израз ја обележува севкупната ситуација. За првиот збор зборуваме кога врската помеѓу зборот и личноста или предметот е логична.

Првите зборови означуваат мисли или речници и ги нарекуваме “монореми”  (реченица – збор). Тоа е период кога детето заради недоволно развиен слушен центар не може прецизно да ги репродуцира зборовите.

Причината за тоа е што моторичкиот дел од детскиот говор е послабо развиен отколку сензорскиот – детето разбира многу повеќе отколку што може да каже. Периодот на првиот говор почнува помеѓу 15-тиот и 18-тиот месец на староста .

Тоа е време кога детето е веќе постабилно и не е веќе толку зафатено со одење. Детето тогаш разбира дека секој збор има точно одредено значење. Станува љубопитно  прашува : “ што е тоа?” Тоа прашање секогаш им го поставува на возрасните и со тоа ги опоменува на својата се почеста потреба за говорно изразување.

При крај на третата година нормално развиено дете ги разликува сите гласови, дури и оние кои се’ уште не ги артикулура правилно. Го разбира говорот и зборува, но очигледна е разликата помеѓу разбирање на говорот од другите во споредба со сопствените говорни активности.

  Мирјана Мицоска, клинички логопед – специјалист 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button