Фитнес

ЗДРАВ ВИКЕНД: Придобивки од вежбање на отворено

Сончевото и пролетно време не поттикнуваат се повеќе време да поминуваме на отворено. Освен прошетка, возење велосипед или ролање, може да уживаме и во вежбање на отворено, кое со себе носи многу придобивки за телото и умот.

Престојот на отворено е огромно значење

И покрај зголемениот број на електронски уреди во нашите животи, никој не може да се спореди со совршенството на природата. Eдна од најтивките и долготрајни нуспојави од користење електронски уреди е тоа што нè тераат да заборавиме да одвоиме време за комуникација со природата.

Подгответе се и почнете да вежбате на отворено

  • Ако имате било какви здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар.
  • Важно е да имате цел.Започнете полека и постепено развивајте го вашиот потенцијал.
  • Не заборавајте дека вежбањето на отворено може да се прилагоди за секого.
  • Вежбајте рано наутро, бидејќи подоцна во текот на денот ќе наоѓате различни изговори зошто не можете да вежбате.
  • Нивото на енергија на телото е повисока наутро, воздухот е почист и температурата е посоодветна.
  • Ќе се чувствувате подобро во текот на целиот ден.
  • Внимавајте на температурата, вашето тело може да се прилагоди на разни температурни разлики, но сепак тоа може да биде ризик фактор за вашето здравје.
  • Одберете опримална температура.
  • Внесувајте доволно течности, ако испиете 3 dl вода 30 минути пред вежбањето, тоа ќе биде доволно за 30 минутна физичка активност.
  • Вода губиме и преку потење, бидете свесни за тоа дека може да настане дехидратација на телото и пред да почувствувате жед.

Придобивки :

Реклама biskviti za deca
  • Природата е на секој од нас, затоа нема потреба од плаќање чланарина.
  • Воздухот е поздрав и почист од оној во салите за вежбање.
  • Добивате бесплатна доза на витамин Д.
  • Мозокот приметува разлика на околината, така што може да бидете попродуктивни и пофокусирани ако сте на отворено бидејќи така го вежбате и вашиот ум.

Ако прочитавте сè внимателно, тогаш не ни останува ништо друго, освен да ви препорачаме да бидете трпеливи за време на изолацијата, да се информирате за придобивките од вежбањето на отворено, а штом условите ќе ни дозволат препорачуваме да испробате и  вежбањето на отворено да стане дел од вашиот секојдневен живот.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button