Локомоторен систем

Зошто не треба да ја занемарувате болката во вратот?

Треба да се знае дека вратниот дел од ‘рбетот е најдинамичниот сегмент од ‘рбетниот столб.

Тука се изведуваат движења во сите правци: свиткување, истегнување, ротација, движење напред-назад, странични движења и најчесто комбинација од сите овие движења.

Во нормални услови, вратот ги извршува овие функции без проблем. Но, неправилното држење на вратот, долготрајна неприродна позиција на вратот, на пример при работа на компјутер, гледање телевизија или „скролање” на мобилниот телефон, во комбинација со други фактори, како што е слабост на вратната мускулатура претрпени минорни повреди на вратот, стареење, вродени аномалии и слично, доведуваат до постепено дегенерирање на динамичните точки на вратниот ‘рбет.

Пред сè, страдаат вратните дискуси – мекоеластичните „амортизери” кои се наоѓаат меѓу прешленските тела.

Морфолошки, овие промени можат да бидат во вид на дископатија – губење на еластичноста и формата на дискусите. Или изместување на дискусот кон нервите, што се нарекува дискус хернија или пролапс на дискусот.

Реклама biskviti za deca

Во понатамошниот тек на заболувањето страдаат малите зглобови што ги поврзуваат прешлените меѓусебе. На крај, може да се појават промени на самите прешленски тела во вид на остеофити или „шилци” што го стеснуваат ‘рбетниот канал или отворите низ кои излегуваат нервните корени.

Вкочанетост и болка во вратот

Најнапред се јавуваат вкочанетост и болки во вратот, особено наутро по спиење. Во текот на денот овие потешкотии се повлекуваат за да се повторат следното утро или по неколку дена.

Ова е првиот аларм кој ни укажува дека нешто не случува. Потешкотиите знаат да траат со месеци или со години. Може и да бидат дополнувани со нови симптоми:

  • трнење на прстите од едната или двете раце
  • намалена чувствителност на прстите
  • болки кои од вратот се спуштаат кон едното или двете рамена па продолжуваат по раката
  • намалена сила на дланката или брзо заморување на раката

Вртоглавица

Честопати овие пациенти се жалат на вртоглавица. Ова ни укажува дека процесот што се случува во ‘рбетот веќе врши компресија на нервните корени и предизвикува невролошки симптоми.

Ако овие симптоми може да се влошат. Можно е да се појави атрофија на мускулите на дланката, подлактницата или надлактницата. Исто така моторната сила на рацете може да се намали и да се појавуваат потешкотии при одењето.

Доколку во ова фаза болеста се занемарува може да доведе до тешки, непоправливи повреди на ‘рбетниот мозок.

Каква терапија се препорачува?

Терапијата зависи од клиничката слика, тежината и екстензитетот на морфолошките промени на ‘рбетот. Може да биде конзервативна и оперативна.

Конзервативната терапија е пред сè отстранување на причините на овие промени и истовремено приложување на физикална терапија и вежби.

Кај оние пациенти кај кои веќе се манифестираат невролошки симптоми, треба да се размислува за оперативно лекување.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button