Фитнес
Зошто да изберете пилатес?
Пилатес е фитнес систем, создаден од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тите години во Германија. Тој претставува серија од контролирани движења, кои се изведуваат или на специјални справи или на подот. Пилатесот се фокусира врз подобрување на флексибилноста и, силата на вашето тело без притоа да додавате мускулна маса.
Постојат два вида пилатес: фитнес пилатес и рехабилитациски пилатес.
Пилатес принципи
- Концентрација – Да се биде тука и сега – се основни предуслови за успешна тренинг
- Контрола – Водечки принцип на Пилатес е дека секоја вежба треба да се владее свесно и доброволно,затоа уште се нарекува и уметноста со контрола.
- Центар – На прв впечаток, се чини дека вежбите се изведуваат со помош на мускулите на рацете и нозете. Но, без енергијата од центар (стомакот, долниот дел на грбот, задникот и карлицата), која се нарекува powerhouse, движењата не би можеле да се задржат под контрола
- Проток на движење – Целта на пилатесот е секоја вежба да биде изведена на совршен начин. ,,Секое движење мора да биде течно, како риба во вода или како валцер.”
- Точност – целта е да се направи една точна и прецизна вежба наместо повеќе неправилни.
- Правилно дишење – Одржувајте релаксиран, нормален ритам на дишење, затоа што тоа ви дава енергија да ги изведете пилатес вежбите правилно.
Зошто да изберете пилатес?
- пилатес ќе ви помогне да имате цврсто и убаво тонирано тело
- ја подигнува свеста за вашето тело
- го подобрува држењето на телото
- го зајакнува ‘рбетот и го прави пофлексибилен
- ја подобрува циркулацијата
- ги олеснува болките во грбот
- ја подобрува рамнотежата
- добивате поголема контрола над дишењето
- го намалува стресот, напнатоста и ви дава енергија
- координација на телото, умот и духот
- го подобрува вашиот изглед
- ви ја зголемува самодовербата
Пилатес може да вежбате и дома, па немате изговори, фатете се за вежбање.