Стручна Помош

д-р Јасмина Лазарова: Орално здравје од најмали нозе

 

Со високата содржина на шеќер во популарната храна кај дечињата и честите периоди на ужинка, никогаш не било поважно да се практикува редовно миење на забите и одржување на орална хигиена.

1. Најчесто поставувано прашање меѓу младите родители е од која возраст да започнат со четкање на забите на бебето?

– Растењето на забите кај бебињата е индивидуално, но во просек, првото запче се појавува околу 6-тиот месец. Уште со појавата на првото запче кај бебето треба да започнете да ги чистите забите за да ги одржувате здрави.

 

Реклама biskviti za deca

– Можете да го правите тоа со влажна газа или силиконска четка за на прст. Детските стоматолози, препорачуваат и пред појавата на првиот заб, да се чистат непцата и јазикот на бебето после јадење и пред спиење.

2. Бебињата и малите деца пијат млеко пред спиење. Кога е најдобро да се измијат забите, пред млекото или веднаш потоа?

– Млекото содржи шеќер лактоза, но се распаѓа поинаку и потребно е повеќе време на изложеност за да го има лошиот ефект врз забите. Поради тоа особено е важно бебето да не заспива со шишето во уста. Најдобро е да ги исчеткате забите со мала количина паста на база на флуор пред млекото за и после пиење да остане од флуорот на забите како нивна заштита.

3. Од кога се препорачува употреба на паста за заби?

– Додека не ги научите децата да плукаат, најдобро е да користите само мека четка за заби и вода. Пастите за заби за децата од најрана возраст се на база на флуор и при голтање во големи количини може да доведат до забна флуороза и/или стомачни тегоби.

4. На многу дечиња четкањето заби не им е омилен дел од денот, совети за како да се надмине тоа?

– Трудете се вашите дечиња да четкаат по два пати на ден, наутро и навечер, во времетраење од две минути. Обидете се да го направите процесот забавен и да ги вклучите и нив. Потрудете се нивната четка да изгледа како омилениот херој од цртаните, и пуштете ја омилената песничка додека четкаат заби.
Напомена: посетете стоматолог околу едукација за правилно четкање на забите. Постојат техники со бавни полукружни движења и оптимално четкање на заб е неколку секунди.

 

Заклучок

Оралното здравје е важно за целото семејство. Бебињата не се раѓаат со бактерии во устата, но родителите можат да ги пренесат преку користење на ист прибор за јадење или ставање храна од нивната во устата на бебето. Важно е секој да си ги четка забите со своја четка, два пати на ден и да се прават редовни прегледи на сите членови во семејството. Грижата за оралното здравје води до здрави заби и блескава насмевка.


д-р Јасмина Лазарова, дипломиран стоматолог

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button