Рецепти

Совршен неделен појадок: Ниско калорична салата со јајца

Превкусна, нискокалорична салата со јајца. Во неа има помалку од 300 калори, а  толку многу ќе ве засити. Со својот освежителен вкус, претставува совршен, освежителен оброк за жешките летни денови.

Состојки:

2 варени јајца

марула

1 парче леб од прортени пченични зрна(или интегрален)

Реклама

1 домат

малку изрендан пармезан

Дресинг:

50g нискомасен грчки јогурт(или кисело млеко)

5g сенф

сок од половина лимон

малку изрендана кора од лимон

малку сол, црн бибер, рузмарин, босилек и лук во прав

Начин на подготовка:

1.Сварете ги јајцат (да бидат тврдо варени), а потоа исечкајте ги .

2.Издробете ја марулата.

3.Потпечете го лебот и исецкајте го на мали коцки.

4.Ситно исечкајте го доматот.

5.Измешајте ги сите состојки, прелијте со дресингот и додатете малку изрендан пармезан.

Нутритивни вредности:

Калории:286  Јаглехидрати:20g      Масти:11g      Протеини:24g

За повеќе здрави и вкусни рецепти посетете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/

Мануел Трајчев

 

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button