Фитнес

Јога-вежбајте ги умот и телото истовремено

Јогата каква што ја познаваме денес е резултат на сложена духовна еволуција која траела со векови. Првите податоци за практикување на јога датираат уште пред  околу 5000 години во Индија. Зборот јога означува збирка со химни во кои се објаснуваат начини на медитација. Постојат многу видови и стилови, но сите имаат заедничка цел, а тоа е создавање на единство помеѓу телото и духот.

Основни начела на јогата се : asana (положба), pranayama (дишење), опуштање, соодветна исхрана, позитивна мисла и медитација.

Шест главни видови јога

Iyengar јога – класичен стил кој се насочува кон правилна положба на телото за време на изведување на одредени асани. Постојат научни истражувања кои докажале дека има одредени подобрувања во состојбата на остеоартритис кај пациенти кои редовно ја практикувале оваа јога. Овој стил на јога е погоден за почетници, а и може да биде корисен во физикална терапија бидејќи помага во опоравување на повредените делови и зголемува подвижност на зглобови.

 Ashtanga јога – најстар динамичен стил на јога, темел на модерните динамични стилови(power јога и vinyasa јога). Ashtanga ги поврзува асаните или положбите и редоследот на движење проследени со свесно дишење, така што секоја положба има одредена улога како противтежа на претходната и припрема за следната положба.

Реклама biskviti za deca

Bikram јога – се нарекува уште и врела јога, а се изведува во загреана просторија на температура околу 40ºC. Така се поттикнува потење, што значи и исфрлување на токсини од организмот. Исто така го одржува телото топло со што се постигнува поголема флексибилност и се намалува можноста за повреда. Кај почетници може да се појават вртоглавици, затоа е важно да не се форсираат и да прават почести паузи за време на вежбањето.

Hatha јога – популарна е заради релаксирачката улога која ја има и која се постигнува со медитација и правилно дишење. Зборот „hatha“ е кованица од зборовите „ha“= сонце и „tha“= месечина. Сонце и месечина, yin и yang се симболика која укажува дека мора да внимаваме на рамнотежата во нашето тело.

Kundalini јога – при изведување на овој стил јога, вообичаено е пеење на мантри, медитација и визуелизација како би се стимулирале умот, телото и духот, бидејќи нашата енергија лежи „заспана“ во нас.

Vinyasa јога – се темели на спој од движења и дишење кое ги прати тие движења. Во текот на вежбањето потребно е да применувате различни пози пропратени со специфичен распоред на дишење.

Power јога –  не се вклопува целосно во претходните стилови, но во последно време е се попопуларна помеѓу младите луѓе, одговара на нивниот темперамент и начин на живот поради нејзината динамичност. Во основа на овој тип јога  е посветеноста кон развивање на сила и флексибилност и за нејзино изведување потребно е одреден степен на физичка кондиција. Ќе им се допадне на оние кои сакаат минимална количина медитација на часовите по јога.

За вежбање јога не е потребна никаква посебна опрема или облека, најчесто се вежба на патосник кој не се лизга. Се препорачува да вежбате без патики и чорапи за да не се лизгате по патосникот за време на изведување на одредени асани. Најдобро време за јога е рано наутро, пред доручек или пред заоѓање на сонцето. Не се препорачува да вежбате два до три часа после јадење.

За влијанието на различните стилови јога врз здравјето прочитајте тука.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button