Стручна ПомошТироидна жлезда

д-р Марија Илиева: што е Hashimoto тироидитис?

Хашимотова болест е автоимуна болест на штитната т.е. тироидната жлезда, кај која клетките на имуниот систем го напаѓаат ткивото на жлездата.

Причина за појава на болеста се антителата кои во тироидната жлезда доведуваат до специфични имунолошки реакции кои го оштетуваат сопственото ткиво на жлездата. Таа се јавува кај жените дури до 15 пати почесто отколку кај мажите и е најчестата причина за појава на хипотиреоза во светот. Може да се јави и кај адолесцентни и млади жени, но најчесто се јавува помеѓу 30 и 50 годишна возраст.

Тироидните хормони, се хормони кои се одговорни за регулација на метаболизмот и за одржување на нормалните општи функции во организмот на човекот. Болеста доведува до дисфункција на самата тироидна жлеза, при што со текот на времето таа веќе не може да произведува доволно количини на хормони кои му се потребни на организмот и доведува до хипотиреоза. Намаленото количество на тироидни хормони во организмот на човекот, доведува до забавување на метаболизмот и разни други пропратни симптоми.

Болеста често се јавува со некои други автоимуни болести како што се: Diabetes mellitus tip 1, витилиго, целијакија, ревматоиден артритис, лупус и други.

Кои се симптомите кај Hashimoto тироидитис?

Хашимотовиот тироидитис најчесто се развива подолг временски период. Во почетокот на болеста и нема некои симптоми, поради тоа што тироидната жлезда сè уште произведува одредена количина на хормони. Но, со тек на време нејзината функција се намалува и со тоа се намалува и количината на хормоните и симптомите стануваат се поизразени.

Реклама biskviti za deca

Најчести симптоми кај Хашимотовиот тироидитис се:

  • Болка во предниот дел на вратот (во предел на жлездата)
  • Чувство на страно тело во грлото
  • Умор и исцрпеност
  • Намалена концентрација и меморија
  • Поспаност
  • Чувство на студ
  • Констипација (запек)
  • Дебелина и надуеност
  • Сува и бледа кожа
  • Опаѓање на коса и кршливи нокти
  • Намалено либидо
  • Пореметен менструален циклус

Во некои случаи, но многу поретко, може да се јават и симптоми на хипертиреоза (зголемено количество на тироидни хормони) во почетокот. Тоа се јавува како резултат на тоа што при нападот на антителата на самата жлезда, таа нагло може да ослободи големо количество на хормони и може да се појават симптоми како што се:

  • тахикардија (брзо чукање на срцето)
  • тремор на рацете
  • проливи, губење на тежина и сл

Но, тие симптоми траат краток временски период, после што сепак настапува состојба на хипотиреоза.

Како се дијагностицира Hashimoto тироидитис?

Hashimoto тироидитис се дијагностицира преку :

  • Проверка на тироидните хормони преку крвни анализи – TSH (тиреотропин) хормон на хипофизата кој ја регулира функцијата на тиреоидната жлезда и Т3 и Т4 хормони од тироидната жлезда. Кај Hashimoto има намалување на Т4, а зголемување на TSH.
  • Серолошки тестови – со кои се утврдува количината на антителата Anti –TPO.
  • Ултразвучен преглед на жлездата – со кој се гледа состојбата на тироидната жлезда и нејзината големина.

Лекување на Hashimoto тироидити

Лекувањето кај Hashimoto е со редовно земање на лекови кои ги надоместуваат вредностите на хормоните и потребна е редовна контрола на хормоните преку крвта, на секои 6 месеци.

Hashimoto и исхрана

Најдобра исхрана кај дијагностицирани со Hashimoto е храна богата со селен, јод и цинк и безглутенска исхрана.

Кај тие пациенти кај кој што има дијагностицирано Hashimoto тироидитис се препорачува зголемено внесување на заленчук и овошје како што се:

  • морков
  • спанаќ
  • авокадо
  • банана
  • риба
  • рибино масло
  • интегрални житарици без глутен
  • сончоглед
  • ореви

Треба да се избегнува храна како што е: зелка, брокула, кале, карфиол, соја, сенф, слатки и колачи итн.

                                                                                 д-р Марија Илиева

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button