Здравје од А до Ш

Зошто серумите се моќни сојузници на кожата?

Едноставно кажано, серумите се моќни сојузници на кожата. Исполнети со концентрирани дози на активни состојки, овие еликсири можат да ублажат низа проблеми, од темни дамки до брчки. Дури и ако немате некои специфични проблеми, сепак секој има потреба од  антиоксидантен серум наутро за да се заштити од дневните агресори. За да се справите со специфични проблеми, побарајте ги овие производи:

  • Хијалуронска киселина – за хидратација и зајакнување на бариерната функција на површинскиот слој на кожата како би превенирале губење на влажноста.
  • Витамин Ц – за освежување на кожата и намалување на темните дамки.
  • Ретинол, витамин Б3, пептиди- за стимулација на продукција на колаген и еластин како и протеини кои штитат од создавање на лузни и брчки.
  • Ниацинамид- за намалување на црвенило и иритација преку намалување на инфламација и за сушење на акни од антимикробното дејство

Корисни совети

  • Ако имате повеќе проблеми, може да користите комбинација од повеќе различни формули. Меѓутоа, изберете ја онаа комбинација која ќе ви ја препорачаСамо вашиот дерматолог за да избегнете какви било потенцијални реакции.
  • За да заштедите време, не обидувајте да го мешате серум во вашата хидратантна крема. Ова ја намалува способноста на серумот ефикасно да се апсорбира. Производите треба да се применуваат еден по еден.
  • Не сите серуми се применуваат со иста фреквенција. Ова варира во зависност од состојките.
    Се препорачува антиоксиданти да се користат наутро затоа што тие ви даваат дополнителна заштита од околината, а повеќето од нас не користат доволно крема за сончање. Сепак, одредени состојки се најдобри кога се користат навечер,пред спиење На пример: Ретинолите не се стабилни при изложување на сонце  и може дополнително да ја влошат состојбата на вашата кожа.

Пред употреба внимателно прочитајте ги упатствата на етикетата.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button