Дијабетес

Можни компликации од гестациски дијабетес по мајката и плодот

Нетолеранција на глукоза се јавува за време на бременоста, најчесто во 6-тиот месец. Гестациски дијабетес или труднички дијабетес може да предизвика предвремено породување, компликации на фетусот (прекумерна тежина, срцеви аномалии) и бремената жена (трудничка хипертензија). Обично се повлекува по бременоста, но жените кои имале ваков тип на дијабетес имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2 подоцна во животот.

Можни компликации од гестациски дијабетес по фетус:

  • голема тежина на бебето при раѓање,
  • вродени аномалии,
  • интраутерина смрт,
  • хипогликемија,
  • жолтица,
  • нарушување на функцијата на белите дробови.

Можни компликации од гестациски дијабетес по мајка:

  • прееклампсија,
  • спонтан абортус и абортус,
  • инфекции.

Симптоми

  • замор,
  • екстремна жед,
  • зголемен апетит,
  • губење на тежина,
  • оштетен вид,
  • затемнета кожа на вратот,
  • вртоглавица,
  • често мокрење.

Кои се ризик фактори за појава на гестациски дијабетес?

Реклама
  • ако мајката има над 30 години
  • прекумерна телесна тежина на мајката
  • семејна историја на дијабетес
  • гестациски дијабетес во претходната бременост
  • претходно родено бебе со поголема тежина
  • претходно имала мртвородено бебе
  • Најдобар начин за лекување на гестациски дијабетес

Најдобар начин за лекување на гестациски дијабетес

Најважна е добра контрола на гестацискиот дијабетес во текот на бременоста. Контролата е од страна на гинеколог и ендокринолог. Третманот на гестациски дијабетес има за цел да одржи нормално ниво на гликемија во крвта. Најчесто третманот за гестацискиот дијабет всушност е здрава диета и редовно вежбање, но доколку и покрај тоа не се постигне ефективна контрола на нивоата на шеќерот во крвта, потребен е медикаментозен третман по препорака од ендокринолог.

Превенција

Одржување на здрава тежина пред бременоста, редовна, избалансирана и добро испланирана диета, редовно вежбање и зголемен внес на течности. Исхраната треба да содржи протеини, комплексни јаглехидрати и масти, избегнување на благо, газирани сокови и тестенини. Исхраната како и редовна физичка активност се најважни во превенцијата на гестацискиот дијабет.


АМ

Прикажи повеќе

Поврзани статии

Back to top button