Дијабетес

Што треба да јадете, а што да избегнувате, ако страдате од дијабетес тип 2?

Ако живеете со дијабетес тип 2, балансирана исхрана може да ви помогне да управувате со нивото на шеќер во крвта и тежината.

Ако вашите оброци ви помагаат да постигнете поздрава тежина и да управувате со нивото на шеќер, тоа може да го намали ризикот од компликации како што се оштетување на нервите, срцеви заболувања и мозочен удар.

Храна што треба да ја јадете ако имате дијабетес тип 2

Ако имате дијабетес тип 2, задолжително изберете исхрана богата со хранливи материи како влакна, витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело.

Исто така, треба да бидете сигурни дека внесувате различни здрави масти, вклучувајќи мононезаситени и полинезаситени масни киселини.

Овие можат да помогнат да се намали нивото на холестерол за да се поддржи здравјето на срцето.

Реклама biskviti za deca

Слично на тоа, јадењето храна богата со растителни влакна може да го подобри управувањето со шеќерот во крвта и да ви помогне да се чувствувате посити подолго време за да спречите јадење кога не сте гладни.

Вашата исхрана исто така треба да биде одржлива и лесна за следење. Плановите за исхрана кои се премногу рестриктивни или не одговараат на вашиот животен стил можат да бидат потешки за придржувње на долг рок.

Еве неколку примери на храна што треба да ја јадете:

  • овошје (јаболка, портокали, бобинки, дињи, круши, праски)
  • зеленчук (брокула, карфиол, спанаќ, краставици, тиквички)
  • зрна (киноа, овес, кафеав ориз,)
  • мешунки (грав, леќа, наут)
  • јаткасти плодови (бадеми, ореви, ф’стаци, макадамија ореви, индиски ореви)
  • семиња (чиа, семки од тиква, лен, семки од коноп)
  • храна богата со протеини (живина без кожа, морска храна, посни парчиња црвено месо, тофу, темпе)
  • здрави масти за срцето (маслиново масло, авокадо, масло од канола, масло од сусам)
  • пијалоци (вода, црно кафе, незасладен чај, сок од зеленчук)

Храна што треба да се избегнува ако имате дијабетес тип 2

Нема многу намирници што треба целосно да ги избегнувате кога имате дијабетес тип 2.

Сепак, некои видови храна се подобар избор од другите. Ова значи дека тие се побогати извори на витамини и минерали. Плус, тие содржат помалку масти, шеќер и холестерол.

Ограничувањето на вашата потрошувачка на храна богата со заситени масти, трансмасти и додаден шеќер може да помогне со подобро управување со шеќерот во крвта. Исто така може да помогне да се спречат здравствените компликации поврзани со дијабетесот.

Еве некои од намирниците што треба да ги ограничите ако имате дијабетес тип 2:

  • месо со многу маснотии (масни парчиња свинско, говедско и јагнешко месо, кожа од живина)
  • полномасни млечни производи (полномасно млеко, путер, сирење, павлака)
  • слатки (бонбони, колачиња, печива, сладолед, десерти)
  • пијалоци засладени со шеќер (сок, сода, сладок чај, спортски пијалоци)
  • засладувачи (бел шеќер, кафеав шеќер, мед, јаворов сируп)
  • преработена храна (чипс, пуканки правени во микробранова печка, преработено месо)
  • трансмасти (пржена храна, делумно хидрогенизирано масло)

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button