Имунолошки системЛабараторија и дијагностика

Зошто е важен C-реактивниот протеин (CRP)?

Што е CRP?

CRP е кратенка за C -реактивен протеин кој се произведува во црниот дроб. Неговата концентрација во венската крв е значаен параметар за многу состојби.

Што покажуваат вредностите на C реактивниот протеин?

За нормална вредност на CRP се смета концентрација до 10мг/л, а не постои значајна разлика помеѓу референтните вредности кај мажите и жените, ниту кај различни возрасти.

Ненормално ниски вредности-може да се најдат кај пациенти кои се на терапија со лекови за намалување на маснотиите во крвта (Статини) или на терапија со Аспирин.

Високи вредности-може да се очекуваат како последица на зголемен физички напор, бременост, земање на орални контрацептиви, пушење и голема надморска висина, а особено при липемија(зголемени масти во серум) и при постоење на ревматоидни фактори. Исто така високи вредности на CRP може да се очекуваат и при шеќерна болест и артериска хипертензија.

Реклама biskviti za deca

Кога е покачен CRP?

  • Малигни болести(особено лимфоми)
  • Системски лупус еритематодес;
  • Ревматоиден артрит;
  • Васкулитиси;
  • Миокарден инфаркт– CRP служи како параметар за процена на кардиоваскуларен ризик.
  • Инфекција– особено бактериска при која порастот на CRP е многу брз и изразен за разлика од другите параметри (седиментација, леукоцити). Кај вирусни инфекции тоа не е случај, па ова понекогаш може да послужи како диференцијално-дијагностички параметар за разликување на бактериска од вирусна инфекција.
  • Воспалителни болести на црева;
  • Пневмококна пневмонија;
  • Ревматска треска;
  • Туберкулоза;

Лабараториските вредности на CRP многу често служат како диференцијално-дијагностички знак за поставување на точна дијагноза, затоа неговите вредности не треба да се занемаруваат.


АМ

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button