Лабараторија и дијагностика

Што значи кога имаме покачени триглицериди во крвта

Триглицеридите се естри на глицерол и масни киселини. Тие се главната состојка на животински и растителни масти.

Тие се именувани според фактот дека три масни киселини се врзуваат за три хидроксилни групи на глицерол.

Мастите се најефективни соединенија, па затоа играат многу важна улога во структурата на сите живи клетки.

Мастите од храната се хидролизираат во тенкото црево, се апсорбираат и се ресинтизираат во клетките на цревната слузокожа и влегуваат во лимфните садови т.е. достигнува до црниот дроб. Вишокот се депонира во форма на масни наслаги.

Кои нивоа се сметаат за нормални?

  • Нормално ниво на триглицериди во крвта – помалку од 150mg/dL
  • Т.н. гранично ниво – од 150 до 199mg/dL
  • Високо ниво на триглицериди во крвта- 200 до 500mg/dL
  • Се над 500mg/dL се смета се сериозно високо ниво и треба веднаш да се реагира

Зголемена вредност

Нивото се зголемува со зголемен внес на храна, нарушена функција на црниот дроб, хроничен алкохолизам, дијабетес, нефротски синдром, хипотироидизам, опструкција на жолчните канали, земање на некои лекови, на пр. контрацептивни средства и при хроничен стрес.

Реклама biskviti za deca

Во најголем дел, високите триглицериди се поврзани со зголемување на LDL холестерол и намалување на HDL холестерол.

Кај постари жени е забележана силна поврзаност помеѓу високи триглицериди, низок LDL холестерол и срцеви заболувања.

Намалена вредност

Намалувањето на концентрацијата на триглицериди е со помала дијагностичка вредност и може да се најде кај неухранетост, малапсорпција, хипертироидизам и терминални состојби на заболување на црниот дроб.

Особено е потребно да се истакне дека зголеменото ниво на триглицериди во рамките на анализата на лабораториските параметри, недвосмислено укажува на моменталниот внес на храна богата со триглицериди и непочитувањето на хигиенско-диететскиот режим на исхрана.

Меѓу производите што може да придонесат за поакачено ниво на триглицериди најистакнати се месните производи. Но, и во некои видови зеленчук од кои компирот е доминантен.

Нутриционистите препорачуваат сите луѓе кои страдаат од зголемено ниво на триглицерид, да го елиминираат компирот од исхраната, бидејќи практиката е дека овојзеленчук, во сите форми (варен, печен, …), е основа на сите диети.

Покрај тоа за регулирање на маснотиите се препорачува:

  • Избегнување на рафинирани шеќери
  • Консумирање на здрави масти
  • Вежбање и намалување на тежината
  • Избегнување на честото пиење на алкохол во големи количини

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button