Имунолошки системСтручна Помош

д-р Марија Илиева: имун систем – yлога и функција

Имуниот систем на човекот се состои од посебни клетки, протеини, ткива и органи кои секојдневно го штитат човекот од разни микроорганизми. Во повеќето случаи, имунолошкиот систем прави одлична работа со тоа што ги одржува луѓето здрави и спречува инфекции. Но, понекогаш проблемите со имунолошкиот систем може да доведат до разни болести и инфекции.

Зошто е толку важен имуниот систем?

Улогата на имуниот систем e да го штити организмот. Тој е прва линија на одбрана на телото од заразните организми кои го напаѓаат. Имуниот систем се состои од мрежа на клетки, ткива и органи кои заедно ја прават заштитата. Особено се важни белите крвни зрнца, леукоцитите. Постојат два основни типа на овие клетки, кои се комбинираат како полесно би го пронашле и уништиле организмот кој доведува до инфекција, а тоа се:

  • фагоцити, клетки кои ги уништуваат организмите кои напаѓаат
  • лимфоцити, клетки кои му овозможуваат на телото да ги памти и препознава претходните напаѓачи и кој му помага да ги уништи

Улога на леукоцитите

Леукоцитите се произведуваат и складираат на многу места во телото, вклучувајки ја градната жлезда или тимус, слезината и коскената срцевина. Поради тоа се викаат лимфоидни органи. Покрај тоа постојат и лимфни чворови во телото кои исто така содржат леукоцити. Леукоцитите циркулираат низ телото помеѓу органите преку лимфните и крвните садови.

Имуниот систем на човекот функционира на тој начин што, кога се детектираат антигени, односно, страни организми кои го напаѓаат телото, неколку типови на клетки работат заедно при што на тој начин ги препознаваат антигените и реагираат. Тие клетки ги активираат на Б лимфоцитите да произведат антитела, кои се специјализирани протеини, кои се фиксираат на одредени антигени. Еднаш кога ке се произведат тие антитела, остануваат во телото на човекот. Ако неговиот имунолошки систем повторно се сретне со истиот антиген, антителата се веќе таму и ја обавуваат својата работа. Значи, имунизацијата спречува одредени болести да се појават кај човекот. Тоа е затоа што му овозможува на телото да произведе антитела кои ќе го заштитат човекот од разни заразни микроорганизми и болести.

Антителата можат да го препознаат антигенот и да го блокираат, но не можат да го уништат без помош. Тоа е работа на Т лимфоцитите, кои се дел од дел од системот кои ги уништува антигените, означени со антитела или клетките кои се инфицирани или кои на некој начин се промениле.

Реклама biskviti za deca

Поради тоа добриот имунитет е многу важен за добро здравје, а тоа е секогаш на прво место.

                                                                                                                        Д-р Марија Илиева

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button