Психологија

7 причини зошто треба да читаме секој ден

Дали знаете дека читањето има значителен број на позитивни ефекти поврзани со вашиот ум. Од намалуање на стрес па се до подобрување на концентрацијата .

Ментална стимулација

Истражувањата покажале дека доколку постојано сте ментално стимулирани, превенирате или намалувате ризик од појава на Алцхајмерова болест или деменција. Како и секој друг мускул во телото, така и мозокот бара вежби за да остане силен и здрав.

Покрај читањето, местење на сложувалки, играње шах и други логички игри исто така се од помош при когнитивна стимулација.

Намалување на стресот

Без разлика колку стрес имате на работа, во вашите лични врски или безброј други проблеми со кои се соочувате во секојдневниот живот, сето тоа исчезнува  кога ќе се изгубите во одлична приказна. Добро напишаниот роман може да ви го задржи вниманието и да ве однесе во друг свет дозволувајќи тензиите да исчезнат.

Знаење

Сè што ќе прочитате го полни вашиот мозок со нови информации и никогаш не знаете кога може да ви помогнат. Колку повеќе знаење имате, толку подобро сте опремени за да се справите со предизвиците со кои ќе се соочите некогаш.

Реклама biskviti za deca

Покрај тоа, ако некогаш  се најдете во опасни околности, запомнете дека иако може да изгубите сè друго, вашата работа, сопственост, пари, но знаењето никој  никогаш не може да ви го одземе.

Проширување на вокабулар

Колку повеќе читате, толку повеќе нови зборови ќе научите. Тие неизбежно ќе станат редовни во вашиот секојдневен речник. Да се биде елоквентен е од голема помош за секоја професија, а тоа може да биде огромен поттик за вашата самодоверба.

Може дури и да ви помогне во вашата кариера, бидејќи оние што се добро начитани, елоквентни и имаат познавања на најразлични теми, имаат тенденција да добиваат унапредување побрзо и почесто. Читањето книги е исто така од суштинско значење за учење нови јазици.

Подобрување на меморијата

Кога читате книга, мора да ги запомнете сите ликови, нивни позадини, амбиции, историја , како и различните заплети во секоја приказна. Тоа е прилично тешко да се запамети, но нашиот мозок тоа го прави со релативна леснотија.

Неверојатно е што секоја нова меморија што ја создавате воспоставува нови синапси (мозочни патеки) и ги зајакнува постојните, што помага со краткотрајното памтење, како и стабилизирање на расположението.

Подобрување на фокус и концентрација

Во нашиот интернет свет, вниманието ни е подедлено во милион различни насоки одеднаш. Во период од 5 минути просечната личност ќе го подели своето време помеѓу извршување работа обвска, проверување е-пошта, разговор со неколку луѓе (преку социјални мрежи), следење на нотификациите на телефонот и интеракција со соработниците.

Овој вид на однесување предизвикува зголемување на нивото на стрес и ја намалува нашата продуктивност. За разлика од тоа, кога читате книга, целото внимание е насочено кон приказната. Остатокот од светот едноставно не постои и можете да се фокусирате и да ги апсорбирате сите детали.

Мир

Покрај релаксацијата што ја пружа читањето на добра книга, можно е темата што ја читате да предизвика внатрешен мир и спокојство.Читањето духовни текстови може да го намали крвниот притисок и да предизвика неизмерно чувство на смиреност, додека читање на пихолошки книги може да им помогне на луѓето кои страдаат од одредени нарушувања на расположението и благи ментални заболувања.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button