ОРГАНСКИ БИСКВИТИ ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА, ДОСТАПНИ ВО МАРКЕТИТЕ НА ДМ

Тајни трошачи на човековата енергија

Енергијата е двигател на телото. Доколку енергијата згасне, згаснуваат желбата и волјата за промени и чекор напред.

Постојат тајни потрошувачи на човековата енергија кои ја умртвуваат позитивата.

-Динамичното темпо ретко дозволува да избереме што ќе внесеме во нашето тело. Прејадувањето е токсично за телото и умот.

-Емоциите се душата на енергијата. Прикривањето на емоциите е токсично за енергијата. Среќа, тага, бес, осаменост се само дел од емоциите кои можат да се изразат низ вентилот на уметноста, спортот и секаков вид креативност.

-Водењето на едноличен живот е како крадец на монети. Ден по ден, месец за месец и градината на енергијата ќе пресуши. Воведувањето на ново хоби, патување или било каква промена повторно ќе роди капка енергија во секојдневието.

-Лежењето во удобен кревет, гурмански зачинето со омилената храна и гледање на серија звучи релаксирачки, но не доколку тоа трае со денови и месеци. Долгочасовното гледање во големиот екран го исклучува мозокот од реалноста и не му дозволува да размислува. Оваа состојба предизвикува неволност и негативен став кон животот.

-Свежиот воздух во собата и облеката додаваат дополнително количество енергија. Освежувачите за простор не се доволни да ја надоместат количината на надворешен воздух.

За да ја задржите вашата енергија и да се чувствувате добро во сопственото тело, секој слободен дел од денот поминете го во прошетка на сонце, физичка активност која ве исполнува, разговор со луѓе кои ви даваат позитивна енергија, читање на добра книга и други слични активности.

 Даниела Ангелова

Exit mobile version