Стручна Помош

д-р Драгана Костеска: психосоцијален стрес, биолошко – психолошка војна на 21 век

Живееме во време – невреме. Денес, стресот претставува пандемија број еден на нашата цивилизација. Зборот “стрес” е термин што често се употребува во секојдневниот живот, особено во периоди на неповолни социјални, економски, политички животни околности.

Самиот збор кај нас евоцира непријатни емоции и сензации, поврзани со некоја непријатна ситуација.  Едно е сигурно, дека во нас постои некој дезеквилибриум, дисхармонија во нашите емоционални состојби и желбени процеси.

Перцепцијата кон околината и луѓето е променета, внатре во нас, нашето здравје, нашата продуктивност и работоспособност е редуцирана, ја немаме потребната животно- мотивациска енергија, животната радост, топлина, милост и љубов, чувствуваме неудобност и мачнина, што многу пати и неможеме да ја објасниме. Добро сме, а не сме добро, нешто ни недостасува…

Што е стрес?

По дефиниција тоа е состојба на зголемена оптовареност на личноста предизвикана од силна дразба (стресор). Поимот стрес во себе ги вклучува стресорот (предизвикувачот на стресот) и двојната реакција на организмот. Под влијание на стресот настанува дизбаланс на организмот и нарушување на психичката и телесната рамнотежа (хомеостазата). При стресот, секој организам минува низ три фази:

  1. Фаза на аларм – во која доаѓа до мобилизавија на организмот при средба со стресот;
  2. Отпор – организмот се труди да го совлада стресот давајќи отпор. Но, доколку не успее во тоа, потрошните физиолошки резерви го доведуваат до следната фаза;
  3. Фаза на исрапеност – во која штетното влијание на срединските дразби ги надвладува одбранбените сили на организмот, тој престанува да се брани и настанува негова привремена немоќ нормално да функционира.

Стресот односно “општиот адаптибилен синдром” се одвива преку хипоталамо-хипофизо-надбубрежната оска. Затоа стресната реакција секогаш е придружена со пораст на концентрацијата на кортизолот во плазмата.

Реклама biskviti za deca

Во истите процеси речиси подеднакво е ангажирана и оската која ги поврзува симпатичкиот автономен систем и кората на надбубрежната жлезда. Тоа се манифестира со зголемена секреција на адреналин и норадреналин, со адекватни реперкусии врз телесните органи, како што се срцевата и респираторната акција, васкуларниот систем ( тахикардија, хипертензија, хипертермија, хипергликемија).

Реакција

Одговорот на стресот зависи од психолошките карактеристики на личноста, когнитивните и емотивните капацитети, како и од биолошката конституција. Вербата во сопствените способности за справување со одредени животни настани влијае врз процената на настанот и обратно, когнитивната процена влијае врз изборот на начините за справување. Соочувњето со стресната ситуација може да биде:

  • Соочување насочено кон проблемот – кога индивидуата вклучува механизми со кои се обидува да влијае на ситуацијата.
  • Соочување со емоциите – или полесно поднесување на емотивното возбудување предизвикано од стресната ситуација.

При изборот на стратегија за соочување најважни се два фактори:

  1. Поединецот – карактеристиките на личноста (матурацијата на личноста), верувањата, вредностите, целите, возраста.
  2. Околината на настанот – барањата, ограничувањата, траењето на случувањата, социјалната поддршка итн.

Последици од стресната ситуација:

  1. Краткотрајни: непосредни ( или емотивните и физиолошките реакции) се однесуваат само на стресни настани кои траеле кратко и завршиле.
  2. Долгорочни: последици по менталното и телесното здравје, социјалните односи и професионалната ефикасност, се однесуваат на квалитетот на севкупното општествено функционирање.

Надминување на стрес

Надминувањето на стресот е процес на соочување и справување со барањето од надворешната или од внатрешната (психолошка) средина.

Притоа индивидуата внесува голем напор и енергија за да одговори на поставените барања.  За надминување на стресот луѓето користат најразлични стратегии.

Искуството покажало дека најефективно решение за надминување на стресот е користење на мултипли статегии. Нашиот организам е опремен со различни сигнали и знаци кои ни укажуваат дека не водиме доволно сметка за себе и за своето здравје. Сите тие ни јавуваат дека ни треба зголемена грижа, внимание, добар одмор, најразлични вежби, поддршка од пријателите, лекарски прегледи, контрола на здравствената состојба, а можеби и стручна поддршка, па и третман.

Не треба и не смееме да допуштиме да ја изгубиме битката која ја потенцира смислата на нашето постоење, знаејќи дека човечката потрага по неа е примарна мотивација во животот.

Љубовта е едниствената сила која и се спротивставува на ентропијата, на нашето постојано тонење во безредие. За неа, не се ценкаме, ниту преговараме, ниту се договараме, љубовта не е бизнис, ниту треба да биде условена, таа расте единствено преку давање.

Живеењето со благодарност, во мир и со мирен ум, во радост и среќа, со вистинските благодети, е нашата вистинска природа и право стекнато со самото раѓање.

Големо е прашањето како да ги оствариме овие животни благодети. Во ова време кое го означуваме како стресогено секојдневие, силно контаминирано, крајно напнато, исполнето со анксиозност, депресивност и несоници, време на отуѓеност и безчивствителност, поставувајќи си го основносто прашање: како да ја освоиме љубовта која не е емоција, туку суштинска смисла на нашето постоење?

                                                                                                                           д-р Драгана Костеска

                                                                                                                           Психолог Јованка Костеска

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button