Пред да посегнете по апчиња обидете се со овие природни лекови против опстипација (запек)
Опстипација се дефинира како нередовно или отежнато празнење на дебелото црево за подолг временски период.
Освен тоа, поимот опстипација се употребува и за состојба при која има „твдра столица“, потешкотии и недоволно празнење на дебелото црево.
Нормално празнење на цревата е од 2-3 пати на ден до 3 пати неделно.
Причини кои може да доведат до опстипација
- Неуролошки заболувања: конгенитална форма (Hirschprung-ова болест) или системски невролошки заболувања (Паркисон, мултипла склероза, вирусни невритиси и др.);
- Мускулни нарушувања: мускулна дистрофија, склеродермија, системски лупус еритематозус;
- Метаболни и хормонални нарушувања: хипотироидизам, хипокалемија, хиперкалцемија;
- Промени на анус: хемороиди, фисури или фистули;
- Начин на исхрана и стил на живот: намалено консумирање на храна богата со целуларни влакна, овошје и зеленчук, недоволна физичка активност;
- Психоген фактор: депресивни состојби, стрес, траума, свесно одлагање на актот на дефекација.
Природни лекови
Маслиново масло
Наутро испијте една лажичка маслиново масло, а најдобар ефект ќе има доколку го земете на празен стомак. Можете да додадете и малку лимонов сок за да го подобрите вкусот.
Кафе
Кофеинот е природен стимуланс на системот за варење, па затоа шолја кафе може да ви помогне при проблеми со запек. Меѓутоа, премногу кафе може да има сосема спротивен ефект.
Растителни влакна
За превенција на опстипација многу е важна здравата исхрана. Домашно подготвената храна со здрави намирници е секогаш добар избор за вашата линија и вашето варење.
Покрај исхраната многу е важно да внесувате и доволно вода и други течности.
Сода бикарбона
Растворете лажичка сода бикарбона во ¼ шолја топла вода и испијте ја.
Ленено семе
Семето од ленот се користи за заштита на слузокожата, а поради својството да омекнува, се употребува против запек и за чистење на цревата.
Мелените семки од лен, од една страна ја омекнуваат содржината на цревата, а од друга страна ги „подмачкуваат“ цревата и го олеснуваат движењето на содржината низ нив.
За превенција од опстипација (запек), се препорачува секојдневно консумирање една лажица мелено семе од лен, како додаток во оброк.
Сливи
Ова овошје е многу ефикасно, бидејќи содржи многу влакна и сорбитол. Сорбитолот е природен јаглехидрат кој има способност за омекнување на столицата.
Меѓутоа, секако, бидете внимателни, бидејќи преголема количина на сорбитол може да предизвика гасови и подуеност.
За да ги ублажите овие симптоми, испијте една чашка природен сок од слива или пак една шолја компот од суви сливи, без вештачки засладувачи, наутро и една шолја навечер. Сливите можете секако да ги јадете свежи или пак суви.
Јавете се на лекар доколку
- не можете да ги испразните цревата подолго од две недели,
- имате крвава столица,
- силна болка во утробата при движење,
- необјаснив губиток на тежината,
- чувство на надуеност.
Сето тоа може да укажува на посеризен проблем, како на пример со дебелото црево или некоја автоимуна болест.