Пнеумоторакс-класификација, дијагноза и лекување

Пнеумоторакс-класификација, дијагноза и лекување

Пнеумоторакс е состојба која означува присуство на воздух во плеврален простор.

Воздухот доаѓа во плеврален простор заради прекин на континуитетот на плеврална мембрана или од медијастинална плевра. Може да биде отворен, затворен и тензионен.

Навлегувањето на воздух во плеврален простор резултира со колапс на белите дробови, белодробна инсуфициенција и летален исход.

Класификација

Пнеумотораксот се дели на :

•   Спонтан(примарен и секундарен)-настанува без траума или очигледна причина
•   Трауматски-настанува заради директни пенетрантни или тапи трауми на граден кош
•   Јатроген

Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, физикален преглед и наоди на карактеристични т.н. плеврални линии на рендген слика на граден кош.
При физички преглед може да се забележи средно изразена тахипнеа(забрзано,плитко дишење), а други витални знаци се најчесто нормални. Фремитус пекторалис е отсутен, перкуторен звук е хиперсонарен,а дишни шумови не се слушаат. На тензионен пнеумоторакс треба да се посомневаме кога се евидентирани цијаноза, хипотензија и тахикардија.

Лекување

Суштината на лекувањето е воспоставување на негативен плеврален притисок, реекспанзија на бели дробови и потполна облитерација на белодробен простор.

Во третманот најчесто се употребуваат торакална дренажа и оперативно хируршко лекување, а поретко методи на опсервација, мирување и плеврална аспирација-ексуфлација.


АМ

Коментари