Здравје од А до Ш

Решете го проблемот со отечени стапала на природен начин

Проблемот со отечени стапала кај повозрасните, но и кај младите спортисти или луѓе кои поголем дел од денот стојат не е нешто невообичаено. Сепак, постојат голем број природни начини со чија помош можеме да го намалиме отокот на стапалата и слабата циркулација.

Силата на гравитација

При оток најдобро е да ги кренете нозете во воздухот. Постапката можете да ја повторувате неколку пати на ден, а во текот на ноќта, за да го намалите вишокот на течност, ставете перница под нозете.

Бидете активни

Активноста на телото ја подобрува циркулацијата и може да го ублажи отокот на нозете. Користете вода за да се справите од отечените стапала, бидејќи ставање на нозете во вода ја забрзува циркулацијата.

Зголемен внес на течности

Ако мислите дека ќе се ослободите од отечените стапала со намален внес на течности, тоа не е точно. Намалениот внес на течности доведува до зголемена концентрација на сол во телото и придонесува за отекување на стапалата, а тогаш организмот го задржува вишокот вода.

Внимавајте на исхраната

Веќе знаете дека концентрацијата на сол во телото е една од причините за отекување на стапалата. Избегнувајте храна што содржи висок процент на сол и вклучете повеќе овошје и зеленчук во вашата исхрана.

Реклама biskviti za deca

Храната како зелена салата, аспарагус и лимон се природни диуретици и спречуваат задржување на водата во организмот.

Компресија

Хулахопки или чорапи со компресија можат да спречат оток. Тие ги намалуваат проширените вени и ја забрзуваат циркулацијата.

Избегнувајте предолго мирување

После работа, сè што сакаме е да легнеме и да се одмориме, дури и ако сме седеле цел ден.

За да спречите оток на нозете, редовно паузирајте од седењето во текот на работниот ден за да го поттикенте протокот на крв и да ја подобрите циркулацијата.

Масажа

Одвојте време од денот за да ги измасирате стапалата. Ова ќе го поттикне протокот на акумулирана течност и ќе ја подобри циркулацијата.

Совет: Есенцијалните масла од нане и грејпфрут, измешани со бадемово масло, се добри за масажа на отечени стапала.

Магнезиум

Магнезиумот е многу важен за нашето тело, а неговиот недостаток е причина за отекување на стапалата.

Обидете се да го зголемите внесувањето на магнезиум во вашето тело и наскоро ќе ја забележите промената.

Можете да најдете магнезиум во зелен листес зеленчук – спанаќ и кељ, јаткасти плодови, авокадо, банани и црно чоколадо.

ВАЖНО Е ДА ЗНАЕТЕ: Отечените нозе претежно се привремена појава, ако отокот не се намали дури и по овие совети, побарајте совет од вашиот лекар затоа што причина може да биде и висок крвен притисок.


Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button