Рецепти

Започнете го денот здраво: Овесна каша со круша

Овесна каша со круша

Пристигна есента. Еве како можете да го искористите есенското овошје за да подготвите нешто превкусно, но и многу здраво. Оброк богат со протеини, дигестивни влакна, витамини и минерали.

Состојки:

  • 50g овес
  • 350ml вода + 50ml млеко
  • ванила екстракт
  • малку цимет
  • 2 лажички мелено ленено семе
  • 1 лажичка лененео семе
  • 15g протеински прав
  • 1 круша (околу 150г)
  • 1 исецкан орев

Начин на подготовка:

1.Ставете ја водата и млекото заедно со циметот и лененото семе во тенџере да зоврие.

Реклама biskviti za deca

2.Додадете го овесот, намалете на најниска температура и варет 10-15min додека не ја добиете посакуваната густина.

3.Доколку користите протеински прав, додадете го пред да ја тргнете овесната каша од шпоретот.

4.Додате го ванила екстрактот, исечканта крушa, сервирајте во длабока чинија и додадете го исецканиот орев одозгора (по желба може да додадете и без калориски засладувач или мед).

Нутритивни вредности:

Калории:424  Јаглехидрати:60g      Масти:9g        Протеини:26g

За повеќе здрави и вкусни рецепти посете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/


Мануел Трајчев

 

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button