10 Факти за здравјето кои ќе ве изненадат

10 Факти за здравјето кои ќе ве изненадат

Големиот обем на нови студии и извештаи поврзани со здравјето, ни го отежнуваат моментот на брзо и лесно осознавање на сите информации.

Па затоа составивме 10 здравствени факти за вашето здравје, што може да ве изненадат, а би било фино и да ги применувате за сопствена благосостојба.

1.Напијте се нешто топло за да се оладите кога ви е жешко

Вообичаено кога ни е топло веднаш брзаме да се напиеме нешто ладно, но сепак истражувањата покажуваат дека пиењето топол пијалок во момент кога ви е тополо може да му помогне на вашето тело да се олади. Причината е што кога пиете топол напиток, вашето тело произведува пот за да ја разлади температурата на вашето тело. На почетокот, може да додадете топлина со пиење топла течност, но количината на пот што ја произведува вашето тело повеќе се лади отколку што ја компензира додадената топлина од течноста. Зголеменото потење е клучно. Кога потта испарува од вашата кожа, таа може да ја олади температурата на вашето тело.

2.Вашата пот се состои претежно од вода

Нашата пот се состои претежно од вода – околу 99 проценти! Колку се потиме е специфично за секоја индивидуа, додека фактори како што се полот и /или возраста може да придонесат за потење на лицето повеќе или помалку.

3.Најсилниот мускул во вашето тело е

Нашата мускулна сила може да се измери на различни начини. Ако мислите на мускулот што може да издржи најмногу, тогаш победник ќе биде вашиот мускул на долниот дел на ногата, soleus. Како и да е, ако сакате да го пронајдете мускулот што може да изврши најголем притисок, тогаш виличниот мускул или мускулот џвакач е најсилениот. Човечката вилица може да ги затвори забите со сила од 200 килограми или 890 њутни!

4.Повеќе од половина од коските се наоѓаат во рацете и нозете

Родени сме со приближно 300 коски и ‘рскавици кои се спојуваат се до полнолетноста. Телото на возрасен човек се состои од 206 коски. Од овие коски, 106 се во нашите раце и нозе. Коските на рацете се меѓу најчесто скршените коски и претставуваат скоро половина од сите повреди на коските кај возрасните.

5.Mожете физички да видите висок холестерол

Можно е да видите знаци на вашето тело дека може да имате висок холестерол. Ксантелазмата, се испакнатини исполнети со холестерол, кои се формираат под вашата кожа. Може да биде показател за можни срцеви заболувања. Лезиите може да се најдат низ целото тело и имаат тенденција да се појавуваат на кожата на постарите луѓе со дијабетес или со срцеви заболувања.

6.”Без холестерол” може да биде лошо за вашиот холестерол

Етикетите за храна на кои се вели дека е без холестерол не значи дека таа храна е добра за вашето ниво на холестерол. Транс мастите, кои го зголемуваат холестеролот, природно немаат холестерол, но можат да бидат штетни за нивото на холестерол. Транс мастите може да се најдат во многу пржена храна и пецива. Транс маснотиите, како што се делумно хидрогенизираните растителни масла и заситените масти не се добри за нивото на холестерол и треба да се избегнуваат што е можно повеќе.

7.Ако сте уморни, вежбањето ќе ве одмори

Ако сте физички уморни, најдоброто нешто што треба да направите е да вежбате, бидејќи тоа ќе ви даде повеќе енергија отколку да седите. Студиите откриваат дека крвта и кислородот кој тече низ телото ќе ви дадат повеќе енергија и ќе го подобрат вашето расположение. Зголемувањето на нивото на ендорфин може да придонесе за чувство на благосостојба.

8.Ниските температури може да бидат добри за вашето здравје

Ако живеете во Канада, знаете сè за студеното време. Но, дали знаевте дека постудените температури можат да имаат корист за вашето здравје?  Постудените температури можат да помогнат во намалување на алергиите и воспаленијата, а истражувањата покажуваат дека тие можат да ви помогнат да размислувате појасно и подобро да ги извршувате вашите секојдневни задачи. Студот исто така може да помогне во намалување на ризикот од разни заболувања, комарците кои пренесуваат болести како што се зика, вирус на Западен Нил и маларија ги нема во текот на зимата, токму поради студот.

9.Бананите можат да го подобрат вашето расположение

Бананите имаат приближно 30% од препорачаната дневна доза на витамин Б6. Витаминот Б6 му помага на мозокот да произведува серотонин, кој се смета за стабилизатор на расположението. Серотонинот влијае на вашите моторни вештини и чувства. Исто така е хемикалија која помага при спиење и варење на храната. Јадењето банана може да помогне во ублажување на депресијата и вознемиреноста стимулирајќи го нивото на серотонин во вашето тело.

10.Оптимизмот може да ви помогне да живеете подолго

Дали полуполната чаша, наместо полупразна може да ви помогне да живеете подолго? Студиите откриле дека постои корелација помеѓу зголемување на нивото на оптимизам и намалувањето на стапката на смртност од рак, болести, инфекции и мозочен удар. Ова е особено точно во случаи на кардиоваскуларни заболувања. Оние кои имале највисоко ниво на оптимизам, имале скоро 40% помал ризик од срцеви заболувања.


М.Д

Коментари