Рецепти

Овесна каша – Чизкејк со јагоди

Овесна каша – Чизкејк со јагоди

Доколку сте фан на популарниот десерт чизкејк, оваа е доручек за вас – Овесна каша со вкус на чизкејк со јагоди. Чизкејкот е навистина вкусен десерт, многу калоричен и полн со нездрави, нутритивно сиромашни намирници. Но, оваа овесна каша може да биде одлична, здрава замена за него.

Состојки:

80g овес

350ml вода + 50ml млеко

Реклама biskviti za deca

ванила екстракт

15g протеински прав (по желба)

60g нискомасно крем сирење

150g јагоди

Начин на подготовка:

1.Ставете ја водата и млекото во тенџере да зоврие.

2.Додадете го овесот, намалете на најниска температура и варете 10-15min додека не ја добиете посакуваната густина.

3.Доколку користитет протеински прав додадете го пред да ја тргнете овесната каша од шпоретот.

4.Додадете го нискомаснотo крем сирење, ванила екстрактот и исечканите јагоди (по желба може да додадете и без калориски засладувач или мед).

Нутритивни вредности:

Калории: 467  Јаглехидрати: 63g      Масти: 11g      Протеини: 30g

За повеќе здрави и вкусни рецепти посете ме на мојот инстаграм профил: https://www.instagram.com/the_fitnesscook/

Мануел Трајчев

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button