Цисти на јајниците

Цисти на јајниците

Цисти на јајници и синдром на полицистични јајници (СПЈ) се поврзани состојби каде што многу од симптомите се поклопуваат, па честопати жените се збунуваат од овие два термина или погрешно се наведени да веруваат дека имаат синдром на полицистични јајници.

Цистите имаат изглед на вреќичка исполнета со течност кои се присутни во јајниците или на јајниците. Тие се многу чести и како такви, многу жени ќе ги развијат во одреден момент од нивниот живот.

Повеќето цисти на јајниците се јавуваат природно како резултат на нормалниот менструален циклус (функционални цисти) . Обично, овие цисти се безопасни и ќе исчезнат природно сами по неколку месеци, без потреба од медицинска помош.

Симптомите на циста на јајниците се многу слични на оние кои се наоѓаат кај жени со СПЈ, како што се нередовни или отсуство на менструални циклуси , акни и зголемување на телесната тежина. Другите симптоми може да вклучуваат болка во карлицата, висок крвен притисок, болка во долниот дел на грбот, абдоминален притисок и гадење.

Циста на јајниците може да се идентификува при ултразвучно скенирање. Третманот за циста на јајниците ќе зависи од:

  • Големината и изгледот на цистите
  • Симптомите што ги чувствувате
  • Возраста на жената- дали е во менопауза или не

Цистите често исчезнуваат без интервенција или третман, но во посериозни случаи, се користи хируршка процедура за отстранување.

Драгана Тасевска

 

 

Коментари