Лековити својства на капините

Лековити својства на капините

 

Заради своите нутритивни вредности и комплексни состојки, капините добро делуваат на срцето, метаболизмот, го намалуваат ризикот од мозочен удар и дијабетес.

Капините содржат растителни влакна кои ја подобруваат работата на дигестивниот тракт и кардиоваскуларниот систем.

Ова зрнесто овошје го контролира нивото на шеќер и нивото на лошиот холестерол во крвта.

Галусната ккиселина во капините е антивирусен антиоксиданс кој се користи за лекување на псоријаза и хемороиди.

Ова овошје содржи и кумаринска киселина која го намалува ризикот од карцином на желудникот. Исто така е богато и со антоцијанин кој спречува раст и ширење на туморските ќелии.

Капините се богати со танин кој ги затегнува ткивото и зголемува крвните садови, па на тој начин има улога во зараснување на раните.

Изградба на коските е уште една улога која им се препишува на капините. Доволно е да изедеме една шака капини за да допринесеме во изградба на сврзното ткиво.

Лутеинот е исто така битна состојка на капините бидејќи ги штити очите од УВ зраци. Капините содржат фолати, витамин Б9 и фолна киселина кои се битни за развој на клетките.

 

Сите овие состојки ги прават капините овошје со голем спектар на лековити својства, затоа капините се користат за подготовка на вино и чај кои помагаат во лекување на одредени заболувања.


 

Коментари