Кардиоваскуларен систем

Лесни и едноставни совети како да спречите срцеви заболувања

Кадиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот, а и кај нас. Затоа е важно на време да бидат препознаени и елиминирани ризик факторите, како би се превенирала кардиоваскуларна болест (КВБ).

Покачено ниво на масти во крвта

Треба да се  консумира: разновидна храна богата со овошје, зеленчук, немасно месо, риба и сл.

Треба да се избегнува: бел леб, слатки и колачи, газирани и алкохолни пијалоци.

*Доколку лекарот препорача, потребно е редовно да се земаат лекови за намалување на маснотиите во крвта.

Реклама biskviti za deca

Пушењето е најзначаен и најлош ризик фактор

Ризикот за настанување на срцев удар се зголемува со бројот на испушени цигари. Околу пушењето нема дилема, потребно е веднаш да престанете да пушите!

Покачен крвен притисок

Потребно е: добро регулирање на крвниот притисок со лекови.

Покрај тоа се препорачува:

  • Правилна, првенствено несолена храна;
  • Пиење на доволно вода;
  • Секојдневна физичка активност;
  • Избегнување на нервози, грижи и стрес.

Шеќерна болест (дијабетес) е огромен ризик фактор

Потребно е: посебна едукација за начинот на исхрана, редовно земање на терапија(таблети или инсулин) и одржување на нивото на шеќер во крвта во референтни граници.

Дебелина

За намалување на телесна тежина постојат само два начини:

  • Намален внес на храна
  • Зголемена физичка активност

Дебелината не е ризична само за КВБ ,туку и за болести на коските и зглобовите, ендокрнолошки заболувања и психички пореметувања.

Затоа дебелината не е само прашање  на естетскиот изглед, туку и важен здравствен проблем за кој е потребна грижа и лекување.

Секако, не заборавајте на физичката активност

Доволно е да одвоите барем 30 минути дневно за прошетка, возење велосипед, трчање или лесни вежби.
Немојте да вежбате гледајќи ја вашата омилена серија или разговарајќи на телефон. Нека вежбањето биде мал луксуз кој си го подарувате на себе, вашиот ум и здравје.


АМ

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button