Психологија
Како да заспиете за 10 секунди
Поминувате повеќе време пробувајќи да заспиете отколку што спиете? Не сте сами.
Како да заспиете за 10 секунди?
Обично е потребна волшебна магија за да заспиете толку брзо, но исто како и магиите, со вежбање на крајот можете да ја постигнете целта.
Воен метод
Популарниот воен метод, за кој прв го воведе Шарон Акерман, потекнува од книгата со наслов „Опушти се и победи: Перформанси на шампионатот“.
- Опуштете го целото лице, вклучувајќи ги и мускулите во внатрешноста на усната празнина.
- Опуштете ги рамената и ослободете се од тензијата, дозволете рацете да „паднат“ покрај вашето тело.
- Вдишете, релаксирајќи го вашиот граден кош.
- Опуштете ги нозете, мускулите на бутовите и потколеницата.
- Прочистете го вашиот ум за 10 секунди замислувајќи релаксирачки сцени. (звуци на бранови, дожд, оган или она што вас ве релаксира)
- Ако не функционира, повторувајте си во себе „не размислувај“ 10 секунди.
- 10 секунди подоцна, би требало веќе да бидете потонати во сон!
Ако ова не функционира за вас, можеби треба да го модифицирате воениот метод : длабоки инспирации и експирации(вдишување и издишување) и релаксација на мускулите кои имаат научни докази дека функционираат. Исто така, некои состојби како анксиозност или ADHD (Attention-Deficit / Hyperactivity Disorder) може да влијаат на ефикасноста на овој метод.