ЗДРАВ ВИКЕНД: Интересни факти за овошјето и зеленчукот
Овошјето и зеленчукот спаѓаат во најздравата храна за човекот. Богати се со витамини и минерали. Се употребуваат за детоксикација на телого, за подобрување на имунитетот и како антиоксиданси. Покрај добро познатите факти за благодетите кои ни ги нудат овошјето и зеленчукот, постојат и други интересни помалку познати факти.
БАБУРИТЕ СЕ ОВОШЈЕ
Изненадени сте? Научниците го дефинираат овошјето како растение кое се развива од цвет и има семе. Тоа значи дека бабурите, заедно со краставиците и тиквите спаѓаат во овошја. Од вас зависи дали некои од овие производи ќе ги искористите во вашата следна овошна салата.
БАНАНИТЕ СЕ ЗРНЕСТИ ПОЛОДОВИ
Вистинските зрнести плодови(јагоди,бобинки и сл.) се развиваат од единствен цвет и јајчник. Јајчник или плодница е дел од женскиот цвет, каде се развива и расте плодот. Тоа значи дека грозје, киви дури и бананите се зрнести плодови. Помислете на ова следен пат кога ќе излупите банана.
НАЈДОБРО Е ДА ВАРИТЕ БРОКУЛА
Ако се обидувате да го намалите холестеролот, сварената брокула ќе ви помогне во тоа. Суровата брокула, пак, содржи компоненти за борба против рак. Цветовите на брокулата имаат повеќе нутритиенти отколку стебленцето. А, листовите, кои многу луѓе ги фрлаат, содржат такви нутритиенти кои не можат да се најдат ниту во цветот, ниту пак во стеблото.
АВОКАДОТО Е ОВОШЈЕ
Авокадото има семе и тоа го прави овошје. Содржи многу „добри“масти и го намалува нивото на LDL-холестеролот или лошиот холестерол. Кремастото овошје му помага на вашето тело полесно да ги апсорбира нутритиентите од други продукти, на пр. од доматите.
КОМПИРИТЕ СЕ ПОБОГАТИ СО КАЛИУМ ОД БАНАНИТЕ
Потребен ни е калим за зајакнување на мускулите и контрола на крвниот притисок. Бананите содржат високо ниво на калиум, но не се најдобриот извор. Зошто да не пробате компири? Тие имаат многу повеќе калиум, а покрај тоа не содржат масти и се добар извор на витамини и железо.
СМОКВИТЕ СОДРЖАТ ЕДНАКВО КАЛЦИУМ КАКО И МЛЕКОТО
Се обидувате да внесете повеќе калциум во организмот? Наместо да испиете цела чаша млеко, можете да си наполните цела чинија овошје. Смоквите имаат високо ниво на калциум. Една чаша суви смокви содржи исто калциум како и една чаша млеко. И за разлика од млекото, содржат многу растителни влакна. Но, не претерувајте, смоквите содржат многу шеќер и калорични се.
КАПИНИТЕ НЕ СЕ НАВИСТИНА ЗРНЕСТИ ПЛОДОВИ
Не дозволувајте нивното име да ве збуни. Во светот на растенијата, капините, малините дури и јагодите всушност не се зрнца, туку грутки од мали индивидуални овошја кои растат заедно. Како и да ги именуваме, тие сепак ќе бидат исто вкусни.
КИВИТЕ ГИ ПОБЕДУВААТ ПОРТОКАЛИТЕ ВО НИВО НА ВИТАМИН Ц
Кивите имаат два пати повеќе витамин Ц отколку портокалот. Тие се богати со калциум и имаат ниска вредност на сол, претставуваат алтернатива на бананите. Покрај тоа, имаат и други витамини, минерали и нутритиенти за здраво срце.
ЈАБОЛКАТА И РОЗИТЕ СЕ ОД ИСТА ФАМИЛИЈА
Јаболката се добар извор на растителни влакна и витамин Ц. Чувствувате убав мирис кога го јадете ова овошје? Јаболката, крушите, црешите и сливите се од иста фамилија на дрвја како и розите. Од парчиња сува јаболка може да направите миризливи декорации.
МАЛИТЕ МОРКОВИ НЕ СЕ НАВИСТИНА „БЕБИЊА“
Оние вреќи со слатки, мали моркови во самопослуга не се „бебиња“. Тие се исечени од големи сорти што се послатки и потенки од обичните моркови. Кога ќе станат малку бели, тоа значи дека се сушат. Но, ако се лигави, време е да ги фрлите. Покрај тоа што се погодни за лупење и употреба, тие се богати со многу витамини и каротен.
И за крај, дали сте знаеле дека овошјето и зеленчукот се многу повкусни од колачите и чипсот, а притоа се многу поздрави и имаат позитивен ефект врз вашето тело, кожа и сите други органи.