Гастроинтестинален системСтручна Помош

д-р Марија Илиева: Helicobacter pylori – најчеста бактерија во желудникот на човекот

Helicobacter pylori е негативна бактерија која најчесто се населува во желудникот и дванаесетпалачното црево на човекот.

Се смета дека бактеријата денес е присутна кај половина од светската популација, при што дури дури 80% од луѓето не се ни свесни за тоа.

Helicobacter pylori ја карактеризира спирален облик со неколку трепки на едниот крај, кои и помагаат лесно да се движи. И одговара кисела средина, па освен на слузницата на желудникот, таа може да се најде и во забните наслаги, рани во ушната шуплина, столица.

Болеста со Хеликобактер е позната како „болест на нечисти раце“, бидејќи е најраспространета во социјално-економските неразвиени краеви во светот.  Инфекцијата многу лесно се пренесува преку феко-орален пат. Односно недоволно измиено овошје и зеленчук и контаминирана вода се главните преносители на бактеријата.

Кои се симптомите?

Симтомите се јавуваат во зависност од имунитето на човекот.

Реклама biskviti za deca

Најчесто прв знак или симптом е чувство на надуеност во стомакот. Понатаму, мачнина, нагон за повраќање, чувство на полн стомак и после мал оброк. Потоа, може да има проблеми со варење на храната, ждригање, болка во желудник и опстипација. Ретко може да се јави непријатен здив и крвава столица.

Но, покрај тие симптоми, понекогаш кога подолго време е присутна и нелекувана бактеријата, може да даде и психички симптоми како што се анксиозност, несоница, хроничен умор па дури и депресија.

Како се дијагностицира?

Доколку бактеријата не се лекува, со тек на времето може да доведе до воспалние на желудникот или гастритис. Понекогаш и до чир на желудникот и дванаесетпалачното црево. Во последните неколку години, потврдена е поврзаност на оваа бактерија со карцином и лимфом на желудникот. Поради тоа многу е важно да се открие на време и да се лекува.

Постојат различни начини на дијагностицирање на бактеријата како што се лабораториска дијагностика кои се најдостапни преку крв и столица, потоа уреа издишен тест или пак преку гастроскопија т.е. биопсија на слузокожата на желудникот.

Како се лекува?

Лекувањето на бактеријата, до неодамна беше во вид на тројна терапија со два антибиотици во комбинација со инхибитори на протонска пумпа. Но, поради големата резистенција на бактеријата на повеќе видови на антибиотици, сега се лекува со терапија во четири чекори. Се земаат два антибиотици во времераење на 14 дена, во комбинација со бизмутов оксид и плус инхибитори на протонска пумпа во времетраење од 6 недели плус хигиено-диететски режим. Потребно е да се избегнува консумирање на алкохол, кафе, газирани пијалоци, лута и зачинета храна и пушење.

Совет:

За превенција на бактеријата потребно е често миење на раце, убаво миење на овошјето и зеленчукот и зголемување на имунитетот со правилна и здрава исхрана.

                                                                                                                         д-р Марија Илиева

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button