д-р Марија Јованоска: Х. пилори- најчеста инфекција на дуоденум и желудник
Единствена бактерија која може да живее во екстремно кисела средина во желудникот на човекот, поточно во површниот слој на желудечната лигавица. Денес, хеликобактер пилори инфекцијата се поврзува со 90% од случаите со улкус (чир) на дуоденум (дванесетпалачно црево) и 80% на желудник.
Кога треба да се посомневате и да направите преглед кај вашиот матичен доктор?
Ако имате честа надуеност, нелагодност и мачнина во стомакот, отежната дигестија, езофагеален рефлукс, запек, дијареа, и непријатност во горниот дел и во средината на стомакот.
Дијагностички постапки:
Дишни тестови со јаглерод, антиген во измет и тестирање со крв (серолошки тест).
Терапија:
Антибиотска и гастропротективна таблетарна терапија.
Совет:
Не ги занемерувајте симптомите и знаците кои ви ги дава вашето тело.
д-р. Марија Јованоска
ПЗУ ОМНИС