Главоболки предизвикани од напорно вежбање
Главоболки поврзани со физичка активност може да се појават при долготрајно и напорно вежбање, трчање, тенис, пливање и дигање тегови.
Докторите ги поделиле главоболките кои се јавуваат при вежбање на примарни –без последици, се превенираат со медикаменти и секундарни– предизвикани од сериозни проблеми во мозокот како крварење или тумор или пак коронарна артериска болест, бараат итна медицинска помош.
Симптоми
Примарни главоболки при вежбање:
- Обично се опишуваат како мачна;
- Се јавуваат за време или после напорно вежбање;
- Ги афектираат двете страни на главата во повеќето случаи;
Секундарна главоболка при вежбање:
- Истите симптоми како и примарните главоболки;
- Повраќање;
- Губење на свеста;
- Двоен вид;
- Вкочанет врат;
Примарни главоболки обично траат помеѓу пет минути и 48 часа, додека секундарните главоболки настанати од вежбање обично траат барем еден ден, а понекогаш траат неколку дена или подолго.
Фактори на ризик
Може да имате поголем ризик од главоболки при вежбање ако:
- Вежбате на високи надворешни температури;
- Вежбате на голема надморска височина;
- Имате лична или семејна историја на мигрена;
Превенција
Главоболки настанати од вежбање имаат тенденција да се појавуваат почесто кога времето е топло и влажно или ако вежбате на големи надморски височини. Ако сте склони кон главоболки, можеби треба да избегнете вежбање во овие услови.
Некои луѓе доживуваат главоболки при вежбање само за време на изведување на одредени активности, така што може да ги спречат главоболките избегнувајќи ги овие активности. Загревањето пред напорно вежбање исто така може да помогне во спречување на главоболки при вежбање.
Кога да се обратите на лекар
Ако имате главоболка за време или после вежбање, консултирајте се со вашиот лекар. Посетете го вашиот лекар веднаш ако главоболката започне нагло или ако е прва ваша главоболка од овој вид.
AM