Фитнес

Која е идеална надворешна температура за ефикасна и безопасна физичка активност?

Веќе е познато дека вежбањето го подобрува кардиоваскуларното здравје, ја зголемува мускулната маса и оформува вашата фигура. Но, тоа не е се.

Има уште многу други придобивки кои се резултат на редовната физичка активност – од подобрување на расположението до подобар сексуален живот и воопшто посреќен живот во целина.

Меѓутоа, физичката активност или вежбањето е една цела „наука“ која сама по себе носи многу бенефити, но и несакани ефекти доколку не сме добро информирани и запознаени.

Квалитетот на вежбањето, а со тоа и појава на замор е поврзана со голем број внатрешни и надворешни фактори, меѓу кои е и надворешната температура, на кои огранизмот дава одреден одговор.

Тој опфаќа многубројни промени како на пример:

Реклама biskviti za deca
  • губење на топлина преку евапорација (испарување)
  • пораст на телесна температура
  • намалување на минутен волумен и венски прилив на крв кон срцето
  • намалување на крвен притисок
  • губење на електролити

Овие промени се се манифестираат со појава топлотен грч при физичка активност на високи температури и периферна вазоконстрикција т.е зголемување на базален метаболизам. Или таложење на масно ткиво при физичка активност на ниски температури.

Идеална температура

Наоѓањето на идеална температура во која ќе се извршува физичка активност е на некој начин заштитен фактор за нашето здравје. Затоа спортистите и оние кои работат на отворено знаат што му се случува на организмот при вежбање на неповолна надворешна температура.

Одговор на организмот при вежбање во услови на покачена надворешна температура

Овој одговор опфаќа промени во функција на целиот организам:

  • Порастот на телесната температура за време на вежбањето е главно предизвикана од интензитетот на метаболизмот
  • Губењето на топлина преку евапорацијата и потењето (преку потењето, спортистот губи околу 2 до 3 л. течност на секој час)
  • Намален венскиот прилив на крв кон срцето и намален минутниот волумен на срцето
  • Намалувањето на крвниот притисок (поради дехидрација)
  • Зголемувањето на срцевата фреквенција, аритмија,тахикардија
  • Зголемен број на еритроцити и пораст на густината на крвта кои предизвикуваат поголемо оптоварување на срцето.
  • Намалувањето на контрактилноста на мускулите – поради дехидратацијата на мускулните клетки
  • Намалената циркулација во бубрезите доведува до намалено излачување на урината.
  • Зголемено лачењето на антидиурестичниот хормон (АДХ) од неврохипофизата, кој уште повеќе го редуцира излачувањето на урината
  • Губењето на електролитите (натриум,калциум,калиум)- основен проблем за организмот во овие услови претставува загубата на калиумот, што има негативен ефект врз функцијата на срцевиот мускул. Поради ова се препорачува спортистите да консумираат овошни сокови што содржат балансирано количество на електролити.

Несакани ефекти од вежбање на високи температури

При вежбање во топла и влажна средина се зголемува опасност од општа дехидратација на организмот. Исто така, порастот на телесната температура како резултат на мускулната активност, во комбинација со порастот на температурата во околната средина, го зголемува ризикот од загревање на телото- хипертермиjа.

Тоа доведува до компликации во кардиоваскуларниот, централниот нервен систем, ги забавува моторните функции и во екстремни случаи, може да предизвика смрт.

Адаптација на организмот во услови на покачена надворешна температура

Во услови на покачена надворешна температура, организмот се адаптира со низа физиолошки адаптивни механизми.

Прво, доаѓа до зголемување на бројот на потните жлезди. Со тоа се зголемува можноста за ладење на организмот, се потенцира чувството на жед и потребата за внесување на поголемо количество течности.

Крвта станува помалку вискозна, со што се олеснува протокот на крвта низ сите ткива (особено мускулите) и се олеснува работата на срцето.

Со текот на времето се намалува тонусот на симпатичкиот нервен систем, што се манифестира со намалување на фреквенцијата на срцето и редукција во излачувањето на карехоламините (хормони на сржта на надбубрежната жлезда) во урината.

Повеќето од адаптивните промени во организамот започнуваат четвртиот ден од аклиматицазијата, а завршуваат четиринаесеттиот ден.

Важно е да се истакне дека, за да се постигне оптимална адаптација на организмот кон условите на покачена надворешна температура, тренирањето треба да започне 7 до 12 дена пред натпреварот.

Одговор на организмот при вежбање на студено

Физиолошките механизми се насочени кон спречување на оддавањето топлина од внатрешноста на организмот. Еден од примарните механизми е општа периферна вазоконстрикција, со што се намалува периферната циркулација на крвта.

Вазоконстрикцијата (намалување на луменот на крвен сад) е најизразена во периферните делови на телото (прстите на рацете и нозете, ушите). Крвотокот низ прстите може да се намали и до 100 пати, поради што се јавуваат смрзнатини на прстите и ушите.

Несакани ефекти од вежбање на ниски температури

Основен ризик при вежбање на студено е опасноста од ладењето на внатрешноста на организмот. Приливот на студената крв преку периферните вени во десната комора, ќе доведе до намалување на работата на срцето. Тоа резултира со намалување на минутниот волумен на срцето.

При тоа се намалува крвниот приситок и се редуцира снабдување на мозокот со оптимално количество крв, што предизвикува мозочна хипоксија. Оваа состојба резултира со намалена функција на центален нервен систем, а во склоп на тоа и на моторичките центри во мозокот и намален интенитет на движењата.

Во услови на намалена надворешна темпертура, се намалува и  силата на мускулите. Исто така дишењето на студен воздух (под 0 °C) предизвикува ладење и сушење на респираторен тракт,задушување,кивање,ринореа,диспнеа и друго

Адаптација на организмот во услови на намалена надворешна температура

Во услови кога организмот подолго време е изложен на ниски температури, во него се создаваат механизми на адаптација кои се состојат во следново:

  • Периферната вазоконстрикција не е силно изразена со што се спречува појава на смрзнатини.
  • Неколкукратно се зголемува базалниот метаболизам, што е резултат на метаболичкото и хормонското приспособување на организмот.
  • Како заштита, во организмот се исталожува поткожно масно ткиво (што се забележува кај ватерполистите и пливачите), кое е лош спроводник на топлината, а со што се минимизира можноста за оддавањето телесна топлина.

И на крај, за ефикасно и вежбање без последици лекарите препорачуваат:

  • Да се избере идеален период од денот и идеална температура (околу 21 °C) за вежбање како превенција од ризик фактори.
  • Избегнување на било каква физичка активност во летен период од 11 до 18 часот.
  • Да се носи лесна и светла облека која дозволува евапорација и го штити организмот од хипертермија.
  • Задолжително да се хидрира организмот и консумација на овошје и зеленчук и производи кои се богати со витамини и минерали.

Следете ги препораките и не заборавајте „Во здраво тело, здрав дух“.

Show More
бисквити за бебе

Related Articles

Back to top button